-25%
Clinique Take The Day Off™ Charcoal Cleansing Balm балсам со јаглен за чистење на сите типови кожа 125мл
Original price was: 3.360,00 ден.2.520,00 денCurrent price is: 2.520,00 ден.
Број 1 чистач на Clinique, збогатен со детоксифицирачки со јапонски јаглен. Ја отстранува шминката и заштитниот фактор од сонце (SPF), а истовремено ги негува и трепките.
Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Безбеден за чувствителна кожа и чувствителни очи. Алерголошки тестиран. 100% без парфеми.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
ДЕТАЛИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:
Култниот чистач за шминка на Clinique во формула со детоксифицирачки јаглен.
Take The Day Off™ Charcoal Cleansing Balm е број 1 отстранувач на шминка на Clinique, збогатен со јапонски јаглен.
Ја детоксифицира кожата од маслото кое ги запушува порите и ја разградува долготрајната шминка и заштитниот фактор од сонце, без да ја иритира кожата.
Лесен чистач со јаглен кој брзо ја разградува долготрајната шминка на лицето, водоотпорната шминка на очите, факторите од сонце и честиците од загадување.
Ги негува и потхранува трепките и веѓите.
Ја остава кожата чиста, мека и со здрав изглед, истовремено одржувајќи го балансот на природната влажност.
Свиленкаста формула
Се трансформира од цврст балсам во свиленкасто масло по нанесувањето.
Темелно чисти и целосно се одмива, без да остави масни остатоци зад себе.
Дали си знаела?
Луѓето имаат повеќе од 20,000 видливи пори на лицето. Овој балсам за чистење ги детоксифицира и отпушува порите, помага во отстранување на нечистотиите, масноста, загадувањето и другите нечистотии.
Совет од експертите
Без разлика колку е доцна или колку си уморна, отстрани ја шминката. Спиењето со шминка може да доведе до иритација, запушени пори и едноличен тен. Формулите на Clinique Take The Day Off™ се нежни и ефективни.
РЕЗУЛТАТИ:
Над 95% отстранување на шминката на лицето, заштитниот фактор од сонце и честичките од загадување.*
*Просечно отстранување на долготрајни пудри, хибридни заштитни фактори од сонце и јаглеродниот прав.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Јапонски јаглен
Оваа прочистувачка состојка помага во длабинско чистење и детоксифицирање на порите.
Масло од семе од шафраника
Дејствува ефективно за да помогне во разградување на природното масло кое се наоѓа на кожата, но и во разградување на тврдокорната шминка.
Богато со линолеична киселина, овој природен емолиент помага во потхранување на кожата, трепките и веѓите.
ФАКТИ ЗА ФОРМУЛАТА:
Клиничка експертиза
Дерматолошки тестиран
Офталмолошки тестиран
Алергиски тестиран
Безбеден за чувствителна кожа и очи
Без парфеми
Одлично да се знае:
Формула која не предизвикува акни
Некомедогена формула
Безмасна формула
Формула која не ja соголува кожата
Не содржи:
Парфеми
Парабени
Фталати
Глутен
Синтетички бои
Алкохол кој ја суши кожата
Содиум лаурил сулфат
Содиум лаурет сулфат
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Користи го овој чистач за отстранување шминка пред регуларниот чистач и други третмански производи.
Масирај го балсамот на сува кожа со прстите.
Добро исплакни со топла вода. Истапкај со пешкир.
Продолжи со Take The Day Off™ Facial Cleansing Mousse или твојот омилен All About Clean™ чистач за темелно двојно чистење.
Clinique
Со над 55 години дерматолошка експертиза, Clinique е еден од брендовите во светот на кои луѓето најмногу му веруваат. Clinique обезбедува дерматолошко-водени решенија, кои се алерголошки тестирани и 100% без парфеми. Дизајнирани со совршен баланс на состојки, формулите на брендот се внимателно изрегулирани за резултати дури и за потребите на најчувствителната кожа. Од црвенило до хиперпигментација, од акни до кожа која се соочува со стареење, Clinique може да се пофали со експертиза над 5 децении за сите проблеми на кожата.















