Emporio Armani Stronger With You Parfum
Price range: 6.730,00 ден through 9.280,00 ден
Прослави ја енергијата на заедништвото со волшебниот STRONGER WITH YOU Parfum.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откриј го Emporio Armani STRONGER WITH YOU Parfum, заводлив мирис кој ја отелотворува ослободувачката енергија на заедништвото. Овој мирис со fougère, килибарни и ноти на кожа се испреплетува со препознатливиот потпис на костен со зачинета топлина и кожена ванила, создавајќи незаборавен впечаток на единство и сила. Вметнат во култното STRONGER WITH YOU шише, овој мирис е сведоштво за моќта на поврзаноста.
Креиран од Cécile Matton, парфимерката која стои позади целата STRONGER WITH YOU колекција, овој мирис воведува нова димензија на препознатливиот мирис. Меките, кадифести ноти на кожа го дефинираат мирисот, додавајќи возбудлива нова страна на STRONGER WITH YOU искуството. Ароматичната лаванда, засилена од вибрантни зачини, се испреплетени со ноти на костен, сега обоени во интензивна нијанса на кожа. Резултатот е трага која е истовремено рафинирана и магнетична, оставајќи траен впечаток.
STRONGER WITH YOU Parfum се отвора со живописна експлозија од зелени, овошни и зачинети ноти. Есенцијата на розев бибер дава свежа, зачинета страна на мирисот. Овие ноти се надополнети со балзамичните ноти на елеми, смола од тропски дрва, и свежината на есенцијалното масло од мандарина. Овошните ноти на јаболко додаваат доза слаткост, создавајќи заводливо и динамично отворање. Во срцевината на мирисот, ароматичната свежина на лаванда се испреплетува со топлината на зачини, создавајќи хармоничен баланс. Препознатливите ноти на костен, засилени од кожени нијанси, додаваат длабочина и комплексност. Конечно, базните ноти се откриваат со раскошноста на ванила, дополнително засилувајќи го сензуалниот и привлечен карактер на мирисот. Оваа софистицирана мешавина од ноти создава вистински незаборавно мирисно искуство. Искуси ја моќта на конекцијата со STRONGER WITH YOU Parfum.
Начин на користење:
Нанеси на пулсни точни: зглоб, внатрешноста на лактот и вратот.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.












