Emporio Armani Stronger With You Powerfully Eau de parfum
Price range: 6.150,00 ден through 8.930,00 ден
- Не можете да додадете таа сума во кошничката & mdash; имаме 1 на залиха и веќе имате 1 во вашата кошничка. Погледни кошничка
Stronger With You Powerfully, интензивно засилен од екстремна нота на портокал во срцевината на мирисот. Продлабочен од потентна, зачадена и дрвенеста база, за незаборавно искуство.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Emporio Armani го претставува новиот STRONGER WITH YOU POWERFULLY, зависна мешавина од ноти на цреша и мандарина во препознатливиот STRONGER WITH YOU потпис на костен.
Нова МОЌНА интерпреетација со трајност до 24 часа, засилена од вкусната, слатка нота на цреша.
Фузија од возбудливи овошја го отвора мирисот, додека свежото есенцијалното масло од мандарина и префинетата срцевина од лимон од Калабрија, и двете добиени од Италија, носат цитрусен и ароматичен карактер. Нивната освежувачка и воздигнувачка свежина е во впечатлив контраст со зависната слаткост на нота од цреша, создавајќи препознатлив и посебен почеток.
Во срцевината, моќта на мирисот е видливо засилена од живописна експлозија од арома. Непогрешливо освежувачката Diva лаванда од Прованса – Франција, ја зацврстува сржта, додека дрвенестите зачини ја позејмуваат хармоничната сладост и длабочина, зголемувајќи ја миризливата привлечност на мирисот.
Базата се развива во привлечен интензитет. Зашеќерениот костен на STRONGER WITH YOU моќно се спојува со нота на зачаден костен, креирајќи ја богатата, зачадена есенција на мирисот. Хармонично гурманско дуо од ванила, вклучувајќи и ванила бурбон од Мадагаскар и апсолут од ванила – го збогатуваат овој зачаден костен и му даваат балсамична топлина. Трајната, привлечна топлина е конечно откриена преку килибарни дрва, со нивната посебна дрвенеста, минерална арома.
Препознатливото STRONGER WITH YOU шише доловува нова моќна привлечност, сместувајќи го зачадениот џус во впечатлива црвена нијанса. Подготви се да бидеш потопен во оваа екстремна интерпретација која смело го турка препознатливиот долготраен и заводлив интензитет на колекцијата во нови возбудливи височини.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.






