-40%
Franck Boclet Just Extrait de parfum for men
Original price was: 12.425,00 ден.7.455,00 денCurrent price is: 7.455,00 ден.
Нежен и свеж мирис за мажи, чија композиција се отвора со цитрусни и ароматични ноти како бергамот, лимета и босилек. Флоралната срцевина открива ноти на роза, јасмин, ylang, бензоин, лабданум и каранфилче. Дрвенестата, елегантна и ориентална основа, одбележана од мошус, килибар, пачули, кедар и животински ноти, ја потенцираат мажественоста и карактерот на мирисот.
Just, мирис за љубовник!
- За брендот
Franck Boclet
Креатор на екстремно мажествена и контрадикторна женска мода, наспроти актуелните трендови, Franck Boclet се залага за поголема сензуалност, детали и волумен, строги и одлични изгледи. Franck Boclet е единствениот креативен директор во модата, кој креира niche мириси. Колекцијата на Franck Boclet нуди палета од различни мириси, така што секој може да го истакне неговиот карактер. Брендот нуди 2 исклучителни мирисни линии: Fragrance Collection, која вклучува 24 различни мириси (eau de parfum) со 20% концентрираност, и Rock & Riot линијата (perfume extract) со 2 колекции: Black Edition и Ivory Edition. Страстен за современата уметност, дизајнот и музиката, Franck Boclet е инспириран од сè што допира до него: рок иконите од 80-тите, детал виден на филм, дело откриено во музеј, комичен стрип, пејзаж или допир на материјал…





