Giorgio Armani Acqua di Gio Eau de parfum

Price range: 5.200,00 ден through 8.930,00 ден

SKU: 1841

ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM е дрвенест-ароматичен-воден мажествен мирис, кристален, но моќен. Со композиција коа вклучува евокативни, природни состојки, ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM го опфаќа оригиналниот воден потпис, истовремено збогатувајќи го џусот со нова молекула, Yodanol TM, коа овозможува неговата свежина да трае бесконечно. Со своите засилени морски ноти, ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM носи ново сензуално, ароматично и интензивно мирисно искуство.

Раскошната срцевина на мирисот е компонирана од мошусна жалфија од Прованса и ароматичен, топол и минерален „сив килибар“, нота создадена за Giorgio Armani и со одржливо потекло. Ова е помешано со свежа лаванда и срцевина од здравец бурбон од Мадагаскар, што му дава машки, цветен аспект на мирисот.

Состојките на мирисот ги опфаќаат оние кои се природни и одржливи, и ги вклучуваат оние чие потекло е сертифицирано, обезбедувајќи нивно следење. Меѓу состојките со одржливи извори на мирисот се и зелената мандарина, рачно набрана на југот на Италија; жалфија набрана во Прованса, на југот на Франција и ветивер од Хаити. Пачулито доаѓа од Гватемала и се добива преку посебни програми за солидарност, наведувајќи дека Giorgio Armani гарантира пристојни работни услови и фер цени за земјоделците и поддржува пристап до некои примарни потреби на заедницата, како што е пристапот до чиста вода.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.