Giorgio Armani Acqua di Gio Parfum
Price range: 6.270,00 ден through 10.320,00 ден
ACQUA DI GIÒ PARFUM претставува нов, моќен и зависен мирис во ACQUA DI GIÒ колекцијата, која ја доловува инспиративната средба на морето и морското крабрежје. ACQUA DI GIÒ PARFUM отелотворува нова елементална сила, заробена во своите обвивачки ноти на темјан.
Додека оригиналниот мирис е дефиниран од својата флорална свежина, ACQUA DI GIÒ PARFUM претставува нова, екстремна свежина во колекцијата. Таа е изразена во горните почетни ноти кои ги сочинуваат рафинирана срцевина од бергамот, која ја балансира искривата светлината со ароматичен цветен аспект, во комбинација со интензитетот на морските ноти.
Во срцевината, фузија од срцевина од гераниум бурбон, есенција од рузмарин и срцевина од мошусна жалфија. Срцевината од гераниум бурбон создава интензивен и повеќеслоен ефект со неговата мешавина од овошни и хербални ароми, додека мошусната жалфија евоцира заводливи флорални и овошни тонови.
Во меѓувреме, есенцијата од рузмарин носи модерен, свеж и зачинет ефект. Овие ноти креираат модерно и динамично расположение, кое повторно го осмислува култниот ароматичен потпис на ACQUA DI GIÒ. Дрвенестите ноти, кои пренесуваат зачаденост и елеганција, ја карактеризираат основата на мирисот. Есенцијата од пачули, позната по својата единствена топлина, му дава мистериозна доза на мирисот, додека есенцијата од темјан носи солена, минерална страна и чувство на мистерија. Минерално-тонираните ноти на есенцијата темјан ја евоцираат црната боја на карпите на Pantelleria, италијански остров кој со своите прекрасни пејзажи е оригиналната инспирација зад мирисот.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.









