-25%

Giorgio Armani Acqua di Gio Profondo Parfum

Price range: 4.525,00 ден through 12.090,00 ден

SKU: 1881

Acqua di Giò Profondo Parfum е модерен, ароматичен мирис кој ги отсликува вредностите како што се слободниот дух и модерната мажественост. Силен, софистициран и модерен мирис со изразена мажествена нота.

Рафинираната сина нијанса на шишето оддава почит на култната боја на Giorgio Armani. Подолготраен и поинтензивен од било кога, Acqua di Giò Profondo Parfum го претставува врвот на интензитетот во колекцијата.

Горните ноти ги вклучуваат препознатливите морски ноти, освежувачки цитрусни тонови и зачинети акценти. Срцевината е доминирана од ароматичните дрвенести ноти, додека заводливата база е доминирана од сензуалните тонови на килибарот. Од употребата на внимателно одбрани природни состојки, па се до безвременскиот дизајн, Acqua di Gio Profondo Parfum зрачи со едноставност, посебност и одржливост.

Рок на траење по отварање на производот: 12 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.