-25%
Giorgio Armani Code Elixir
Original price was: 9.630,00 ден.7.225,00 денCurrent price is: 7.225,00 ден.
Armani Code Elixir: Интензивен мажествен килибарен, кожен и зачинет мирис за прекрасна топла и магнетична привлечност.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Armani Code Elixir, најконцентрираниот мирис во Armani Code линијата, ја доловува магнетичната мажественост и воодушевувачката топлина.
Овој моќен мирис повторно го осмислува култниот Armani Code со нов, интригантен интензитет. Фузија од килибарни, кожени и зачинети ноти кои создаваат повеќестрано мирисно искуство.
Живата свежина на италијанска зелена мандарина и бергамот го отвораат мирисот, енергизирани од кардамом и морско оревче. Во срцевината, сировата прекрасна нота на ликер е испреплетена со слаткиот шарм на миризлива смола, надополнета со темни, зачадени ноти на кожа. Оваа моќна срцевина зрачи со неоспорна мажествена интензивност. Основата се продлабочува во сензуална топлина со препознатливиот потпис од печени тонка зрна, збогатени со мадагаскарска ванила. Ова создава кадифеста трага на кожата, оставајќи моќен и незаборавен впечаток.
Претставено во мазно, црно обоено шише во веќе добро познатата Armani Code силуета, шишето е разубавено со блескава сребрена плочка на која е напишано името на мирисот. Магнетното црно капаче со сребрена основа, додава финална доза на префинет луксуз.
Armani Code Elixir се придружува на колекцијата, заедно до оригиналната Eau de Toilette, Parfum и Eau de Parfum, секој од нив нудејќи уникатна интерпретација на ДНК-то на Armani Code.
Elixir се издвојува со својата интензивирана концентрација и фокусот на килибар, кожа и зачини, што го прави најмоќниот и најсензуалниот во колекцијата.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси на пулсни точки: зглобови, внатрешност на лактите и вратот.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Предупредување: Запалив гас.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите.
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.










