Giorgio Armani Code Eau de toilette 50ml + гел за туширање 75ml
6.380,00 ден
Заводлив, одржлив и привлечно мажествен. Модерниот класик е повторно роден.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Доживеј ја привлечноста на Giorgio Armani Code Eau de Toilette, мирис кој ја отелотворува заводливата машкост со современ шмек. Овој култен килибарно-дрвенест мирис, сега вметнат во елегантно шишенце што може повторно да се полни, продолжува да ги редефинира кодовите на привлечноста, одразувајќи го софистицираниот маж кој размислува напредно.
Armani Code Eau de Toilette се отвора со експлозија од живописни цитрусни ноти, енергизирани од зелена мандарина од одржливи извори од Калабрија, Италија. Супересенцијата, извлечена со молекуларна дестилација, создава префинета свежина која ги буди сетилата.
Во срцевината на мирисот лежи лаванда добиена од одржливи извори од Прованса. Оваа ароматична нота го позејмува својот модерен, магнетичен квалитет на композициата, добиена преку внимателен процес на дестилација и фракција кој ги засилува моќни ароматични и флорални страни.
Базата на мирисот е дефинирана од препознатливата мешавина од апсолут од тонка зрно и срцевина од кедрово дрво, двете од природно потекло. Топлиот апсолут од сензуалната тонка се испреплетува со дрвенестата сила на кедрово дрво, создавајќи прекрасна трага која долго се задржува на кожата по првичното прскање.
Култниот мирис влегува во нова ера со со неговото редизајнирано шише кое може повторно да се полни. Изработено како прекрасен предмет, уникатното квадратно шишенце со облини повторно го замислува оригиналниот дизајн, отелотворувајќи ја безвременската елеганција и модерната иновација.
Рефлектирајќи ја посветеноста на Giorgio Armani, шишето на Armani Code Eau de Toilette може повторно да се полни и е дизајнирано да трае. Овој еко-свесен дизајн, придружен со состојки од одржливо потекло, демонстрира напреден пристап во мирисните креации, привлечен за мажот кој цени луксуз и одговорност.
Сетот вклучува:
Giorgio Armani Code Eau de Toilette 50ml
Giorgio Armani Code гел за туширање 75ml
Начин на користење:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.
Нанеси мала количина од гелот на мокра кожа или сунѓер. Масирај ја кожата во кружни движења, правејќи пена. Исплакни темелно.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.





