Giorgio Armani My Way Eau de parfum 50ml + лосион за тело 50ml + гел за туширање 50ml
8.050,00 ден
Тргни на патување со Giorgio Armani My Way празничниот сет, кој содржи 50ml EDP, освежувачки гел за туширање и негувачки лосион за тело.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откриј го одново светот оваа празнична сезона со волшебниот Giorgio Armani My Way празничен сет, прекрасна колекција дизајнирана за љубопитната и автентична жена која го слави секое ново искуство. Ова извонредно трио вклучува 50ml шише од блескавиот My Way Eau de Parfum, освежувачки 50ml My Way гел за туширање, и луксузен 50ml My Way лосион за тело, нудејќи комплетен и хармоничен мирисен ритуал.
Giorgio Armani My Way Eau de Parfum е елегантен и модерен цветен мирис кој ја доловува суштината на самооткривањето и значајните врски. Се отвора со светли и блескави ноти на бергамот од Калабрија и цвет од портокал од Египет, евоцирајќи свеж и светол почеток. Срцевината открива прекрасна мешавина од кремаста тубероза и индиски јасмин, симболизирајќи ги средбите и искуствата кои го оформуваат ова патување. Конечно, мирисот се смирува во топла и утешна база од ванила од Мадагаскар и бели мошуси, оставајќи софистицирана и долготрајна трага. My Way е повеќе од мирис, тој е покана да истражиш, да се поврзеш и да го живееш животот автентично.
Збогати го твоето сензорно патување почнувајќи со освежувачкиот гел за туширање My Way, кој нежно ја чисти твојата кожа додека те обвиткува со освежителните ноти на мирисот. Продолжи со свиленкастиот лосион за тело My Way, хранлива формула која длабински хидрира, оставајќи ја твојата кожа мека, еластична и намирисана, ефикасно продолжувајќи ја долготрајноста и интензитетот на парфемот. Оваа техника на слоевитост обезбедува побогато, поимпресивно мирисно искуство кое останува со тебе во текот на целиот ден.
Претставен во елегантно дизајнирана, празнична кутија, Giorgio Armani My Way празничниот сет е исклучителен подарок за твојата сакана личност, или луксузен подарок за себе. Совршен начин да го прославиш духот на авантурата и поврзаноста оваа празнична сезона, канејќи те да изјавиш “I am what I live.”
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.
Нанеси го лосионот на чиста и сува кожа. Масирај додека комплетно не се впие.
Нанеси мала количина од гелот на мокра кожа или сунѓер. Масирај ја кожата во кружни движења, правејќи пена. Исплакни темелно.
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.








