Sale

Giorgio Armani My Way Parfum

Price range: 4.855,00 ден through 6.750,00 ден

SKU: 1454

Откриј го My Way Parfum, интензивната и слатка страна на цветниот потпис на My Way, роден од средбата на свесно одбрани состојки од целиот свет.

Овој женствен мирис се отвора со свежи, цитрусни ноти на масло од бергамот од Калабрија, стопувајќи се со екстракт од цвет од горчлив портокал од Египет. Новата интензивна срцевина на мирисот настанува како контраст од кремастите кадифести ноти на апсолут од срцевина на тубероза од Индија и величествената свежина на ирис Pallida од Франција. Ванилата и дрвенестата основа се појачани со сензуални кремасти ноти на кедрово дрво од САД и прекрасна инфузија од бурбон ванила од Мадагаскар, кои се дополнително збогатени со бел мошус.

Како резултат на иновативниот систем на повторно полнење на My Way, одговорниот и одржлив извор на состојки и заштитата на биоразличноста низ програми за зачувување на шумите, My Way Parfum го намалува своето јаглеродно влијание врз околината.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Giorgio Armani

Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.