Giorgio Armani Si Passione Eau de parfum Intense
Price range: 6.380,00 ден through 12.640,00 ден
Ново, интензивно поглавје во SÌ PASSIONE приказната. Пулсирачки мирис претставен во ново шише со огнено црвена боја, кое може повторно да се полни. Посветен на најинтензивните емоции, SÌ PASSIONE EAU DE PARFUM INTENSE е мирис за денешната жена која го следи своето срце и танцува според нејзиниот ритам. Новиот мирис е идентификуван од неговата срцевина. Магнетичен, моќен, пулсирачки јасмин. Еден од најсимболичните бели цветови во парфимеријата, сега станува страствено црвен, во хиперсензоријален бран кој ја доловува возбудата на страста.
Најпрво, вибрација. Блескавото отворање свети силно со сочни ноти на круша, срцевина од бергамот и вкусен нектар од црна рибизла, додека јасминот ја открива својата свежа, овошна флоралност.
Потоа, пулс. Волшебната женственост на јасминот во полн цут, засилена со возвишена состојка направена за Giorgio Armani: суперинфузија од јасмин.
Конечно, пулсирање. Зачинетата медена сензуалност на јасминот е засилена со многу модерен минерален ефект кој одговара на ноти на солен мов споен со Orcanox, луксузна молекула на сив килибар. Пудреста и блага, инфузијата од ванила Bourbon ги обвива нотите во својата топла, сензуална трага.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Giorgio Armani
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.










