Gucci Bloom Parfum

Price range: 5.890,00 ден through 11.370,00 ден

SKU: 1467-1

Gucci Bloom Parfum носи интензивен гурмански мирис со корален јасмин, светла цветна нота. Ливчињата тубероза носат раскошност, додека богатиот и килибарен мирис на парфемот доаѓа од екстрактот од Перу балсамот. Во основата, дуо ванила со кремасто-слатки и зачинето-дрвенести ноти.

Шишенцето е обвиткано во црна боја и со препознатливиот принт на Gucci од листови, гранчиња цреша, цветови и пеперутки.

Портретирање на расцветаната женственост, Gucci Bloom ја доловува суштината на само-откривањето, каде убавината процветува и жените се слават една со друга како што се развиваат.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Gucci

Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.