Hot
Sale

Gucci Bloom Profumo di Fiori Eau de parfum for women

Price range: 3.770,00 ден through 7.205,00 ден

SKU: 1369

Славејќи ја виталноста и различноста на оние кои се идентификуваат со модерната филозофија на модната куќа, Gucci Bloom мирисите, целосно креирани под капата на Alessandro Michele, се за оние кои се осмелуваат да го искусат животот и неговите плодови и да процветаат во нивното вистинско јас. Со неговата свежа и природна зеленост, богатиот флорален квалитет и кремастата длабочина, туберозата е херојот во овој класичен флорален мирис. Блескав пресврт на белиот цветен потпис на Bloom, Profumo Di Fiori ја ослободува привлечноста на есенцијата тубероза и ја помешува со јасмин самбак за инстантен и директен израз. Нотата на парфемот е збогатена со топлината на цвет ylang ylang , која е отелотворена од богат бран на сандалово дрво и кремасти дрвенести ноти. Оставајќи елегантна и специфична трага, орисот се комбинира со топол бензоин и омекнува, покрај сензуалниот облак од мошус.

Gucci

Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.