Kérastase Blond Absolu Cicaflash интензивен зацврстувачки балсам за нега на сите типови руса коса 250мл
2.650,00 ден
Овој млечен гел во нежна боја на лаванда има обновувачко својство на маска со нежен финиш на балсам за коса. Формулата интензивно ја снабдува косата и го негува влакното благодарение на составот кој е комбинација на Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат секое влакно истовремено длабински потхранувајќи го. Производот е идеален за сите тонови на руса коса и овозможува заштита од кинење на влакното и негова ерозија. Косата е мека и хидрирана со блескав сјај.
Како се користи: во големина на лешник нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата избегнувајќи го коренот . Остави да делува 2-3 минути и убаво исплакни.
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.






