Kérastase Blond Absolu Masque Ultra-Violet виолетова маска за неутрализација на жолти тонови кај руса коса 200мл

3.350,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3474636692408

Идеален производ за омекнување и потенцирање на апсолутно руса коса на чии тонови им е потребна неутрализација. Богата виолетова маска која пенетрира длабоко во влакното и ги отстранува несаканите жолти поттонови истовремено овозможувајќи длабинска хидратација и обнова на влакното. Моќната комбинација од  Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав ја заштитуваат косата од оксиданти и загадувачи. Маската се користи еднаш неделно или секогаш кога и е потребна неутрализација на тоновите на русата коса.

Како се користи: Нанеси по шампонирање врз коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата. Остави да делува 5 минути или подолго доколку ти е потребна поголема неутрализација на жолтите тонови (но не подолго од 10 минути). Потоа убаво исплакни.

Kérastase

Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.