Kérastase Symbiose Micro-Peeling Cellulaire пилинг за чувствителен скалп склон кон првут 200мл
2.600,00 ден
Опис:
Микро-пилинг клеточниот третман е формула за прочистување со микро-пилинг киселина и зрна од растителна основа за моменталнa ексфолијација на мртвите клетки и перут, прочистувајќи го скалпот и смирувајќи ја непријатноста. Ексфолирачките состојки и нежната киселина го подготвуваат скалпот за подлабоко навлегување на активните средства против перут. Текстура: проѕирна гел формула со прашок од арган и лушпи од кајсија. Со 1,9% салицилна киселина.
Начин на употреба:
Чекор 1: Земете мала количина од производот во рака.
Чекор 2: Нанесете на врвовите на прстите, па на центарот на скалпот и по страните.
Чекор 3: Нежно масирајте со врвовите на прстите во кругови.
Потоа, исплакнете темелно.
Во случај на контакт со очи, веднаш и темелно исплакнете. Ако се појави иритација, намалете ја фреквенцијата на употреба. Толеранцијата е потврдена под дерматолошка контрола.
Формулиран со микро-пилинг киселина и зрна од растителна основа за моментално ексфолирање на мртвите клетки и отстранување на перутот на биолошко и видливо ниво. Скалпот се прочистува без оштетување, корените се освежуваат, косата се ревитализира.
Рок на употреба (од отварање): 12 месеци
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.


















