-40%
Нема на залиха
Lacoste L.12.12 Rose парфем за жени
Original price was: 6.840,00 ден.4.105,00 денCurrent price is: 4.105,00 ден.
Lacoste го претставува L.12.12 Rose парфемот за жени, мирис инспириран од култната поло маичка. L.12.12 мирисите се носени како и поло маичката, на кожата, за додавање есктра стил. Доловувајќи ја леснотијата и пријатноста на материјалот petit piqué, овој нов елегантен парфем за жени е блескава композиција составена од цветни ноти на франгипани цвет и роза, смело нагласени од енергичноста на зелена мандарина и освежувачки екстракт од нане. Основата е составена од мошус и амбрета. Розевото шишенце содржи свеж овошно-флорален мирис за жена која ужива во слобода на движење и стил. Веќе препознатливото шишенце е редизајнирано, со цел духот на поло маицата да се доближи што повеќе до моделот. Нејзиниот изглед може да се види на предната страна на шишето, каде е извезено и логото на брендот, овојпат во розева боја
Рок на употреба (од отварање): 36 месеци
- За брендот
Lacoste
Брендот го носи името по неговиот основач, Rene Lacoste. Тој своевремено бил тенисер, освојувајќи бројни титули вклучувајќи Олимписки медал и 7 Грен Слем шампионати. Неговата страст кон тенисот била огромна. Во 1933 година Rene Lacoste ја создава популарната поло маичка позната како L.12.12, каде што L е кратенка за Lacoste, 1 е референца за најдобриот материјал – ,,petit pique”, 2 го претставува бројот на кратки ракави и 12 е бројот на прво произведените прототип маички пред финалното производство. Денес овие поло маички се најпрепознатливи, а на нив им се приклучија и мирисните линии од Lacoste – заедно сочинувајќи ја L.12.12 колекцијата.














