Valentino Born in Roma Hair and Body Mist Vanilla Bliss 100ml
3.490,00 ден
Born in Roma Hair and Body mist Vanilla Bliss е вкусен килибарно-гурмански мирис од новата колекција на мистови за коса и тело.
- Опис
- За брендот
Опис
Born in Roma Hair and Body mist Vanilla Bliss е вкусен килибарно-гурмански мирис од новата колекција на мистови за коса и тело, која открива нов мирисен ритуал инспириран од италијанската Dolce Vita. Евоцирајќи ја слаткоста на кремаст милкшејк од ванила, овој лесен мист нуди нежен, воздушен вел од мирис за кожата и косата.
Мистот Vanilla Bliss е изграден околу три препознатливи ноти:
- Кремаст акорд на млеко, кој нуди вкусна слаткост на почетокот
- Апсолут од роза Damascena (роза од Дамаск), кој додава исклучителна цветна привлченост
- Препознатливата Born in Roma инфузија од бурбон ванила, создавајќи совршен баланс од слаткост и смела сензуалност
Овој Vanilla Bliss мист е дизајниран за секојдневно уживање и нанесување во движење, совршен за летните денови, секогаш кога ти е потребно доза слаткост. Неговата разновидна природа дозволува да биде нанесен самостојно за суптилна трага или нанесен заедно со Born in Roma Donna Eau de Parfum за позависно и персонализирано искуство.
Рок на употреба (од отворање) на производот: 24 месеци
Valentino
Valentino Garavani е еден од најголемите креатори во Италија. Глобално почитуван по неговите извонредни Couture креации и романтични тоалети од црвениот килим, тој ја освојува модната сцена и светот на мирисите. Во 1949 на само 17 години се сели во Париз за да ги реализира своите интереси во поглед на модата и се школува во најпрестижните школи своевремено. Во 1960та го запознава Giancarlo Giammetti со кого станува бизнис партнер. Во 1962 година е првата Couture ревија во Pitti Palace во Фиренца и е прифатена со воодушевување од критиката. Ова се смета за негов пробив и наскоро станува омилен на елитата. Апсолутна дизајнерска доминација воспоставува и на пазарот на мирисите. Партнерството со великаните Procter and Gamble престанува во 2010 година. Во истиот период започнува партнерството со една од најдоминантните компании на денешнината Puig со која продолжува да бележи успеси. На пазарот се лансирани 24 парфеми, во временска рамка од 1978 година до последниот во 2015година, со потпис на неговата компанија и по неговото повлекување од сцената.










