Lancôme Advanced Génifique Yeux Light-Pearl серум-концентрат за нега на пределот околу очи и трепки 20мл
5.800,00 ден
МЛАДЕШКИ ИЗГЛЕД И ПОЦВРСТА КОЖА ВО ОБЛАСТА ОКОЛУ ОЧИТЕ
Нежната област околу очите секојдневно се соочува со големи предизвици. Со текот на времето областа околу очите станува чувствителна и се појавуваат знаци на стареење. Формулата на Advanced Génifique серумот за околу очи и трепки за враќање на младешкиот изглед, е создадена со помош на науката за микробиомот.
Почувствувајте ги придобивките на серумот: ја подобрува мазноста за +12%*, ги намалува фините линии за -32%** и перничињата под очите за -17%** , како би откриле посветла и поцврста област околу очите со младешки изглед.
– ЈА НАМАЛУВА ВИДЛИВОСТА НА ПЕРНИЧИЊАТА ПОД ОЧИТЕ
– ГИ ИЗМАЗНУВА ФИНИТЕ ЛИНИИ
– ГИ ЗАЦВРСТУВА ТРЕПКИТЕ
Целно делува на секој дел на чувствителниот предел околу очите со 360° флексибилниот крио-бисер од не’рѓосувачки челик, патентиран до 2034 година. Инстантно ја лади областа околу очите за -3°C*** и делува на 5 клучни знаци на стареење на кожата во областа околу очите.
Дерматолошки и офталмолошки тестиран. Погоден и за чувствителна кожа, чувствителни очи и лица кои носат контактни леќи.
*Клиничко истражување, 41 жена по 4 недели користење.
**Клиничко истражување, 32 жени по 6 недели користење.
***Инструментален тест, 31 жена, веднаш по нанесување на производот со крио-бисер.
Начин на користење:
Измазни ги фините линии во областа околу очите, масирајќи го пределот со патентираниот апликатор.
Намали ја видливоста и отеченоста на перничињата со кружни движења на апликаторот во областа под очите.
Зацврсти ги контурите со лесно притискање на апликаторот за време на масирањето.
Нанеси на линијата на трепките.
Рок на употреба (од отворање): 6 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.

















