Lancôme Tonique Douceur омекнувачки и хидрирачки тонер за лице, за сите типови кожа
Price range: 2.380,00 ден through 4.530,00 ден
Комплетирај го твојот ритуал на чистење на кожата со освежувачкиот тонер за лице без алкохол – Lancôme Tonique Douceur.
Овој тонер за сите типови на кожа, е збогатен со билни екстракти, и нежно ја тонира и рафинира текстурата на кожата, отстранувајќи ги сите преостанати нечистотии.
Ја подготвува кожата за твојата дневна рутина за убавина.
Начин на користење:
Стави мала количина од тонерот на памучен туфер и помини со него низ целото лице за помек и порафиниран изглед на кожата. Употребувај го наутро и навечер.
Главни придобивки:
Ја тонира кожата.
Каков тип проблем таргетира:
Ја чисти кожата, истовремено омекнувајќи ја и хидрирајќи ја.
Рок на употреба (од отворање): 12 месеци
- За брендот
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.







