-25%

Lancôme Hydra Zen Anti-stress дневна хидратантна анти-стрес крема за лице, за сите типови кожа 50мл

Original price was: 5.160,00 ден.Current price is: 3.870,00 ден.

Достапност: Нема на залиха SKU: 3605530253338

Анти-стрес кремата Hydra Zen е смирувачка и восоконавлажнувачка дневна крема за лице, која инстантно ја хидрира и смирува кожата, овозможувајќи ѝ долготрајна хидратација.

Збогатена со природно добиени билни екстракти со NeuroCalm™ комплекс, екстракт од роза, екстракт од семе од моринга и екстракт од корен од божур, Hydra Zen ѝ помага на кожата да се справи со надворешните агресори.

Начин на користење:

Нанеси ја кремата наутро, на претходно темелно исчистена кожа. Комплетирај ја рутината со нежно тапкање низ целото лице со врвот на прстите. Користи ја секое утро за да добиеш блескав изглед на кожата, благодарение на нејзината фантастична текстура која лесно се апсорбира во твојата кожа.

Главни придобивки:

Ја хидрира кожата.

Каков тип проблем таргетира:

Ја смирува дехидрираната кожа.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Lancôme Нега за Кожа

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.