-25%
Lancôme Idôle L’Eau de toilette
Price range: 3.400,00 ден through 7.480,00 ден
Тоалетната вода за жени Lancôme Idôle ќе ти пружи самодоверба во твојата женска и безгранична совршеност. Овој мирис отелотворува елеганција, чиста женственост и сè она што ја сочинува модерната жена. Розата игра посебна улога во ова. Како кралица меѓу цвеќињата, розата сама по себе е поим за женственост. Постани икона и верувај во себе, затоа што ти самата можеш да си обезбедиш сè за што си сонувала.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.










