Lancôme Idôle Peach’n Roses Eau de parfum
Price range: 5.110,00 ден through 11.020,00 ден
Откриј го новиот Idôle Peach’N Roses кој оддекнува со сочна, киселкаста праска и кадифести рози – сласна комбинација која ќе те остави желна по повеќе.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Замисли го оној совршен момент на целосна сензуалност: допирот на совршена зрела праска, која под притисок го ослободува својот скапоцен сочен нектар, додека нејзината неодолива свежина ги буди сите твоит сетила. Исто како и твојата омилена песна, овој мирис те обвиткува во аура на слатко расположение и непоколеблива самодоверба. Чисто “праскасто“ блаженство што се повторува.
Препушти се на оваа мирисна симфонија: композицијата започнува со експлозија од пенливи ноти на црвени бобинки, а потоа се развива во неодолив ритам на неодолив екстракт од природна праска – Peach Orpur™, иновација и вистинско ремек-дело од парфимерската куќа Givaudan. Мирисното крешендо го достигнува врвот со кадифеста прегратка од апсолут од роза од Дамаск – богата, сензуална и зависна.
Како песна што не можеш да престанеш да ја слушаш, Idôle Peach’N Roses допира до сосема нови длабочини на емоции. Тој пулсира на твојата кожа со константен пулс и живописна вибрација. Како скапоценост на твојата тоалетна масичка, шишенцето отелотворува сјај и внатрешна сила. Неговата мазно силуета во праска-портокалова нијанса свети како зајдисонце, зрачејќи со топла, внатрешна светлина.
Повеќе од мирис, Idôle Peach’N Roses е повик за искуство. Твојот секојдневен потсетник да притиснеш “repeat” на секој совршен блескав момент.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.










