Lancôme La vie est belle Eau de parfum 50ml + travel size 10ml + Lash Idôle мини маскара 2ml

8.050,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274656978

Оваа празнична сезона, тргни на необично патување од Париз до Среќа, бренд дестинацијата на Lancôme уште од 1935-тата, и прослави заедно со брендот 90 години магија.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Опис

Додека отчукува полноќ, Lancôme Express го започнува своето легендарно патување à la française, носејќи го духот на празничната сезона кон магичен пејзаж: фестивал на подароци во магичната земја на чудата, славејќи го најнезаборавното патување на годината. Lancôme открива специјална колекција дизајнирана од француската артистка Safia Ouares во препознатливата розева боја на Lancôme. Секоја кутија открива скапоцености кои ќе направат да блескаш преку целата празнична сезона.

НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Култниот Eau de Parfum, сега осмислен со одржлива луксузност. Еден едноставен гест, чекор напред кон посреќно утре: наполни го твојот парфем, повторно и повторно. За повторно полнење на шишето:
1) Отстрани го капачето
2) Одврти ја металната пумпица
3) Позиционирај го refill шишето врз шишето на парфемот
4) Сврти го refill шишето кон лево за да почнеш со полнење
5) По употреба, сврти го капачето на refill шишето кон десно за да го затвориш

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.