-25%
Lancôme La vie est belle Intensément L’Eau de parfum intense
Price range: 6.520,00 ден through 9.130,00 ден
Среќата е вибрација која живее во секој од нас. Таа е минлива, но интензивна. Брза, но силна. Таа е тука и сега. За Lancôme, да се биде среќен е пред сè состојба на умот. Инспириран од оваа визија, брендот нуди ново поглавје на својот култен мирис La Vie est belle. Страстен здив.
La Vie est belle Intensément вдахнува нова енергија на култниот оригинален парфем. Нов, интензивен гурмански мирис, кој го комбинира препознатливиот цвет на La Vie est belle, ирисот, со сензуални ноти на ванила. За прв пат, култната кристална насмевка открива џус во интензивна фуксија боја. Разиграна и блескава роза евоцира срце кое чука во ритамот на силни емоции. Оваа експлозивна креација го доловува огнот кој гори во оние кои живеат според оваа суштинска мантра: мојата среќа е тука и сега. Во срцевината на овој нов опус, ирисот – препознатливиот цвет на La Vie est Belle, е искомбиниран со сензуални ноти на ванила, со цел да се искомпонира препознатливо дуо. La Vie est Belle Intensément се отвора со еуфорична енергија од бергамот, розов бибер и нота на малина, а потоа се развива во сензуален и кадифест цветен букет. Поттикнат и возвишен од дуото составено од ирис и ванила, кко што поминуваат часовите, тој открива неодолива сила на привлечност. Почувствувајте ја среќата во секој момент.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.







