Lancôme La vie est belle Iris Absolu L’Eau de parfum

Price range: 5.520,00 ден through 10.900,00 ден

SKU: 1469

La Vie est Belle Iris Absolu е волшебна интерпретација на култниот мирис. Средишна нота на овој мирис е ирис, состојка со долгогодишна историја во парфемската индустрија, која е добиена преку одржлив развој во Франција. Нотата на црна рибизла им дава свежина на млечните ноти на смоква, додека волшебниот пачули и гурманската ванила се она што го поврзува овој мирис со оригиналниот парфем La Vie est Belle.

Оваа интерпретација на мирис доаѓа и во нов дизајн. Реинтерпретација на кристална насмевка инспирирана од брановите кои ги создава капката која паѓа на површината вода, шишенцето има нов модел на насмевка кој незапирливо се шири како и среќата на оние кои го носат La Vie est Belle мирисот.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

 

Lancôme

Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.