Lancôme La vie est belle Vanille Nude L’Eau de parfum Sensuelle
Price range: 5.690,00 ден through 11.250,00 ден
Започни љубовна афера со себеси!
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Триумфалната приказна за ослободувањето започнува со прифаќање на твојата најавтентична и интимна страна. Ова сензуално и моќно чувство те инспирира да ги зграпчиш сите животни задоволства.
Разгали ги сетилата и дозволи среќата да биде твоја втора кожа. La vie est belle Vanille Nude, првата мошусна ванила. Мирисот на избирање на себеси и уживање во најнеодоливите задоволства во животот. Подготвени да го откриете вашето најавтентично ЈАС?
La vie est belle Vanille Nude го разубавува твојот уникатен мирис со вкусни акорди, создавајќи мирис кој е нвистина ТИ. Сончев јасмин и глазирана ванила се топат на кожата, кулминирајќи со предозирање од кремаст бел мошус инспириран од француските слаткарници.
Моќен мирис кој трае преку целиот ден* на твојата кожа, вклучувајќи и исклучителен 5 часовен интензитет потврдена со потрошувачки тестови. Подготви се за комплименти!
*Самоевалуациски тест, 69 жени.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Прсни го La vie est belle Vanille Nude на гола кожа, фокусирајќи се на сензуалните делови од твоето тело: внатрешноста на зглобовите и по вратот.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:
Предупредување: Запалив гас.
Предупредување: Предизвикува сериозна иритација на очите.
Чувај го подалеку од топлина, жешки површини, искри, отворен пламен и други запаливи извори. Пушењето е забрането.
Lancôme
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.











