Lancôme Lancôme Rénergie H.C.F. Triple Serum Set: Rénergie H.C.F. Triple Serum 50ml + Rénergie H.P.N. 300 Peptide Cream 15ml + Rénergie Multi-Lift 15ml + Rénergie Eye Cream 5ml
10.580,00 ден
Сет со рутина за нега на кожа кој содржи Rénergie H.C.F. Triple Serum, дневна и ноќна крема, како и крема за околу очи, за зачувување на кожата слој по слој.
- Опис
- За брендот
Опис
Сет со рутина за нега на кожа кој содржи Rénergie H.C.F. Triple Serum, дневна и ноќна крема, како и крема за околу очи, за зачувување на кожата слој по слој.
ЗАЧУВАЈ ЈА КОЖАТА СЛОЈ ПО СЛОЈ. Откриј еластина, затегната, зацврстена и поеднаква кожа, намалени брчки и намалени темни кругови со оваа рутина за нега на кожа.
ЧЕКОР 1: Rénergie H.C.F. Triple Serum 50ml
Rénergie H.C.F. Triple Serum е револуционерна иновација која ја обележува новата ера на Lancôme во полето на негата за кожа со високи перформанси. Со неговото уникатно пакување со тројна формула која се наоѓа секоја во посебна комора и маестрална комбинација од состојки, овој револуционерен серум против стареење цели кон совршен баланс од висока ефикасност, истовремено обезбедувајќи нежно и негувачко искуство за кожата. Неговата тројна доза е вистински уникат на пазарот. Експертската комбинација од моќните состојки во оваа формула, претставена под името H.C.F. (хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулична киселина) е дизајнирана да обезбеди оптимални придобивки против стареење во една тројна доза. Ги таргетира видливите знаци на стареење, слој по слој. Слој 1 – губење на волумен, Слој 2 – брчки и Слој 3 – темни дамки.
ЧЕКОР 2: Rénergie Eye Cream 5ml
Rénergie Eye Cream хидрира, осветлува и ја реенергизира кожата околу очите за помладешки изглед. Збогатена со хијалуронска киселина, кофеин и путер од семки од какао, кремастата формула се топи на кожата, обезбедувајќи 24 часовна хидратација. Со едно нанесување, контурите на очите се чувствуваат помеко и понегувано. По две недели, кожата околу очите изгледа помазно и се чувствува поцврсто. По една искористена тегличка, темните кругови се видливо намалени, перничињата по очите исто така, а контурата на очите е со помладешки изглед.
ЧЕКОР 3: Rénergie H.P.N. UVMUNE SPF 50 Cream 15ML
За прв пат, високата УВ заштита се сретнува со нега против стареење со висок перформанс, благодарение на патентираната UVMUNE технологија со Meroxyl 400. Оваа моќна технологија ги таргетира најдолгите UVA зраци со SPF 50, за заштита од знаци на фото-стареење. Супер збогатена со 300 пептиди, хијалуронска киселина и ниацинамид, оваа иновативна формула нуди целосен спектар на дејство против стареење.
✓ ТЕМНИ ДАМКИ
✓ ОЛАБАВЕНОСТ НА КОЖАТА
✓ БРЧКИ
ЧЕКОР 4: Rénergie Multi-Lift Night Cream 15ml
Негувачка ноќна крема која ја измазнува кожата на лицето и вратот. Комбинира хијалуронска киселина, екстракт од ленено семе и 6 различни липиди кои делуваат навечер, кога обновата на кожата го достигнува врвот. Подобрена хидратација и докажани клинички резултати на 5 типа брчки, вклучувајќи ги брчките на челото, на надворешниот дел на окото, под очите и хоризонталните линиии на вратот*. Кожата се чувствува пополнето со влажност, поцврста и позатегната, но и подигната. Има луксузна текстура идеална за вечерни рутини со масажа.
*Клиничко бодување, 49 жени.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Наутро и навечер: започни ја рутината за нега на кожа со Rénergie H.C.F. Triple Serum.
1. На првото нанесување, активирај со притискање неколку пати на пумпицата додека не се појават трите формули.
2. Испумпај 2 пумпици на дланката на раката или на врвот на прстите. Помешај.
3. Нанеси на лицето и на вратот, користејќи движења кон надвор. Продолжи со Rénergie Eye Cream на контурите на очите. Наутро, заврши ја рутината со Rénergie H.P.N. UVMUNE SPF 50 Cream. Нанеси на лицето и вратот. Навечер, заврши ја рутината со Rénergie Multi-Lift Night Cream. Нанеси на лицето и вратот.
Lancôme Нега за Кожа
Lancôme Paris е луксузна француска козметичка куќа, која ги дистрибуира своите производи интернационално, а од 1964 година е под сопствеништво на L’Oréal групацијата. Ова е бренд кој креира луксузни производи за нега на кожа, парфеми и шминка. Брендот е основан во 1935 година од страна на Armand Petitjean во Франција. Неговиот мотив бил едноставен – да креира бренд за убавина кој ќе ја долови француската елеганција насекаде низ светот. Името ,,Lancôme” било инспирирано од урнатините на замокот Le château de Lancosme, додека пак розите во околината биле инспирација за симболот на брендот.






