Lattafa Yara Candy Eau de parfum for women
Ти го претставуваме Yara Candy by Lattafa, зашеќерен додаток во Yara фамилијата. Изработен со најдобрите состојки од срцето на Блискиот Исток, Yara Candy е хармонична мешавина од сочни кандирани овошја и сладок сируп од ванила. Мирисот се отвора со наплив од сочна зелена мандарина и црна рибизла, водејќи кон срцевина од гарденија и гумени бонбони од јагода. Овој исклучителен мирис е совршен за оние кои ја ценат привлечноста на добро балансиран и софистициран мирис.
- За брендот
Lattafa
Инспирирани од арапските зборови ‘Latif’ што значи добрина и ‘Lateefa’ што значи нешто пријатно, Lattafa резонира со луксузот и елеганцијата на арапската култура и сликовито ја доловува суштината на своето славно наследство во својот волшебен мирис. Lattafa е фамилијарен бизнис основан во Обединетите Арапски Емирати, чија мисија е да поврзат милијарда луѓе ширум светот. Во Lattafa, мирисот е страст, а фамилијата е во срцето. Брендот нуди разновидно портфолио од над 2000 производи, од мас проиводи – до ексклузивни луксузни колекции.






