- Опис
- За брендот
Опис
Професионална пегла за коса на пареа, која на пареата и овозможува нежно да се распространи низ косата, лесно измазнувајќи ја во еден чекор. Користи ја за исправување или извиткување на косата, постигнувајќи совршен резултат. Наменета за исправен и блескав облик, или разиграни и волуменозни кадрици. Дизајнирана за да се користи во комбинација со Steampod производи за обликување на коса.
Карактеристики:
-Парна и про-кератин технологија за свиленкасто мазна коса
-Не ја оштетува косата
-Лесно адаптирачки дискови
-Парниот притисок ги отвара кутикулите на влакното
-Ја обезбедува косата со потребната хидратација
-Интегрирани чешлиња
-Развива топлина од 140-210°C
-Температурата се подесува
Начин на употреба:
1. Наполни го со вода контејнерот, вклучи ја пеглата и одбери ја посакуваната температура.
Совет: Избери ја вистинската температура за твојот тип на коса; за нормална коса користи пониска температура, зголеми ја температурата за погуста коса.
2. 30 секунди задржи ги дисковите слепени за да создадат пареа ,а потоа користи ја пеглата.
Совет: Стрелките на контејнерот даваат насока како да ја користиш пеглата. За оптимални резултати користи ја во комбинација со креми за исправување и заштитни серуми од L’Oreal Professionnel програмата кои се збогатени со про-кератин кој ја негува косата.
КАКО ДА ЈА ИСПРАВИШ КОСАТА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ
Креирај беспрекорно мазен и сјаен изглед со Steampod следејќи ги овие едноставни чекори:
1. Нанеси Steampod крема за исправување врз миена коса пред сушење. Оваа крема ќе ја заштити косата и ќе и даде мазен сјај во наредните 3 дена**.
2. Нежно нанеси го Steampod серумот по должината и краевите на косата. Неговата формула ги блокира кутикулите на влакното давајќи му природно здрав и сјаен изглед.
3. Подели ја косата во секции и започнувајќи од најдолните слоеви кај вратот нежно помини со Steampod. Користи го Steampod чешелот во прилог на пеглата за полесно обликување во домашни услови.
* Тестирано истовремено со класична пегла за коса.
**Тестирано истовремено со и без користење на производи од Steampod линијата.
Ефект (главни придобивки од производот):
-Парна и про-кератин технологија за свиленкасто мазна коса
-Не ја оштетува косата
-Лесно адаптирачки дискови
-Парниот притисок ги отвара кутикулите на влакното
-Ја обезбедува косата со потребната хидратација
-Интегрирани чешлиња
-Развива топлина од 140-210°C
-Температурата се подесува
Steam Pod
L’Oréal Professionnel Paris е местото каде сѐ започна.
Родени сме во Париз, од пионерски дух кој измисли сѐ во служба на фризерите.
Нашиот основач Eugène Schueller го посвети целиот свој живот и стручност во менување на животите на експертите за коса.
Технички производи: ја измисливме првата безопасна боја за коса и првата ладна трајна фризура.
Безбеден перформанс: меѓу останатите откритија, го воведовме тестот за алергија на кожа и скалата за ниво на тон. Нашите протоколи го штитат здравјето и безбедноста на фризерите, и гарантираат предвидливи резултати.
Искуство во заедницата: го создадовме првото училиште, првите настани и натпревари.
Ова наследство нѐнаправи бренд од доверба кој ја разви трговијата и блискиот однос со професионалната заедница.












