Maison Margiela REPLICA On A Date Eau de toilette for women and men

Price range: 5.280,00 ден through 10.360,00 ден

SKU: 1688

On a date ја доловува пенливата и привлечна овошност на зрело грозје потопено во топлите зраци на сонцето, и деликатниот, но сепак одлучен карактер на дивата роза. Нотите на розата и богатите, интензивната и текстурирана срцевина од црна рибизла, ја пренесуваат возбудата на совршениот состанок, додека пачули му дава на мирисот сензуален и магнетичен дрвенест потпис.

Maison Margiela

Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.