Maison Margiela REPLICA Soul of the Forest Eau de parfum for women and men
14.080,00 ден
Дозволи си да бидеш вовлечен во најдлабоките шепоти во срцето на шумата.
Впиј се во шумската фантазија на Soul of the Forest, за да ја бараш и пронајдеш душата на шумата преку оваа моќна трага. Родена од имагинацијата на парфимерите, секоја од надреалните состојки во REPLICA FANTASIES мирисите се спојуваат заедно со рафинирани суровини, за да создадат нова, имагинарна мирисна нота. Евокативниот мирис на Soul of the Forest е дефиниран од нереалната состојка во неговата срцевина, Мистичното дрво. Неговата длабока дрвенеста нота ја доловува нематеријалната сензација на поврзување со душата на вонземска шума и чувството на вечноста предизвикано од средбата со суштината на оваа енигматична шума. Потопен во длабочините на шумата, Soul of the Forest те кани да ја откриеш и истражиш живата сила на овие древни дрва, и да ја пронајдеш твојата вистина меѓу вечната душа на природата.
Начин на нанесување:
Нанеси го мирисот на пулсни точки за позаводлив ефект и посилно распостранување на мирисот. Мирисот прскај го на најмалку 15-20 сантиметри од местото на нанесување. За пораспостранет ефект, прсни го мирисот во воздух и помини низ него. Почекај додека мирисот се исуши на кожата пред да го мириснеш. Триењето на кожата по прснување на парфемот ќе ја уништи врската и ќе го измени мирисот.
- За брендот
Maison Margiela
Модниот бренд Maison Margiela е основан од белгискиот дизајнер Martin Margiela во 1988 година. Оваа париска модна куќа отсекогаш имала неконвенционален пристап и секогаш ги турка границите кога станува збор за креирање машка и женска мода. Првиот мирис од линијата Replica е лансиран во јуни 2010 година. Сите Maison Margiela парфеми имаат специфични уникатни, пенливи, зачинети, овошни и флорални ноти. Линијата Maison Margiela Replica се првенствено унисекс мириси, погодни за единствените и елегантни мажи и жени. Се работи за мириси кои ги рекреираат бесценетите спомени од нашето минато и ни даваат одговор на прашањето како мирисаат спомените. Свежите и необични парфеми го рефлектираат неконвенционалниот пристап кон луксузната мода на дизајнерот Martin Margiela.













