Kérastase Resistance Masque Extentioniste маска за зајакнување на должината на косата 200мл
3.350,00 ден
Идеална за слаба и кршлива коса, оваа длабинско закрепнувачка маска навлегува во косата при што ја потхранува и обновува враќајќи и го природниот сјај. Оштетената и кршлива коса е обновена, нежна и блескава. Активните состојки на Кератин Р и малеична киселина кои ги содржи формулата, помагаат при поттикнување на растот на секое влакно од коренот па се до врвот. Разделените врвови се обновени а кршливоста е спречена, со што и се овозможува на косата да постигне поголема и здрава должина.
ТРЕТИРА: Долга и здрава коса
ТИП НА КОСА: Оштетена коса подложна на кршливост и врвови кои се разделуваат
КАКО СЕ КОРИСТИ: По миење, со пешкир нежно протриј ја косата со што ќе се отстрани вишокот на вода во неа. Земи од маската во големина на орев и нанеси ја по должината на косата се до врвовите. Остави да делува 5 минути а потоа исплакни.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ: Креатин Р е ексклузивен комплекс од Кератин + Керамид: Амино-киселина имплицирана во внатрешната структура на влакното засилена со Липиди одговорни за закрепнување на надворешната површина на влакното. Како надополнување, формулата е збогатена со малеична киселина чии честички навлегуваат во влакното, го зацврстуваат и формираат заштитни кутикули заштитувајќи го влакното од раздвојување.
- За брендот
Kérastase
Kérastase е луксузен француски бренд за професионална нега на коса, основан во 1964 година во Париз. Препознатлив по својата комбинација на напредна наука, иновативни формули и салонска експертиза, брендот нуди персонализирани решенија за сите типови коса и потреби на скалпот. Kérastase создава високоефикасни производи со префинети текстури и луксузно искуство, овозможувајќи здрава, силна и блескава коса со професионални резултати.







