Michael Kors Pour Femme парфем за жени 50мл + лосион за тело 50мл + гел за туширање 50мл

6.310,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 850050174677

Michael Kors Pour Femme е цветно-дрвенест-мошусен мирис кој зрачи со софистицираност, убавина и сила. Префинетиот букет од јасмин и расцветана роза создава хармоничен баланс со горни ноти на мандарина, додека кремастата ванила, привлечниот мошус и свежиот пачули, обезбедуваат сензуален завршеток. Луксузен и женствен, кој дефинитивно ќе даде енергија на твоето тело и душа.

Michael Kors

Michael Kors е американски светски познат и наградуван моден дизајнер за луксузни модни додатоци и облека. Компанијата која го носи неговото име е основана во 1981 година, а во неа моментално можат да се најдат производи со неговиот потпис и Michael Kors Collection, MICHAEL Michael Kors и Michael Kors Mens етикети. Овие производи вклучуваат додатоци, обувки, часовници, накит, машка и женска облека, нослива технологија, очила и целосна линија на парфеми. Зад оваа растечка империја стои единствен дизајнер со вродено чувство за гламур и неуморно око за безвременски шик. Michael Kors има освоено бројни признанија во модната индустрија, беше почестен за својата филантропија и ја заслужи почитта и наклонетоста на милиони низ светот.