-25%

Michael Kors Pour Homme Absolu Eau de parfum 50ml + балсам за после бричење 50ml + гел за туширање 50ml

Original price was: 6.010,00 ден.Current price is: 4.510,00 ден.

Достапност: На залиха SKU: 850059827680

Michael Kors Pour Homme Absolu носи топлина и длабочина во енергичен, но софистициран состав.

Опис

По големиот успех на Michael Kors Pour Femme и Pour Homme, брендот го надградува своето мирисно портфолио со новите Michael Kors Pour Femme Absolu и Pour Homme Absolu — вредно  мирисно олицетворение на денешната самоуверена жена и модерниот маж.

Овие нови мириси совршено балансираат помеѓу традицијата и иновацијата, нежноста и силата, носејќи ја магијата на современото бегство од секојдневието. Парфемите доаѓаат во елегантни метални шишиња, во розево-златна нијанса за женскиот, и во длабока сиво-бронзена за машкиот мирис, обликувани по препознатливиот ланец — симбол кој ја означува контрастната елеганција, урбаната доза на бунтовност и индивидуалноста кај модерните личности.

Michael Kors Pour Homme Absolu носи топлина и длабочина во енергичен, но софистициран состав. Мирисот започнува со живописни ноти на лимон и кардамон, дополнети со розев бибер и ментол, кои даваат енергичен и свеж почеток. Во срцето на композицијата се крие богат микс од лаванда, кој внесува мекост и комплексност, додека основата од кедрова нота остава силен и траен впечаток. Овој парфем ја истакнува магнетната харизма и современата машкост со својот богат и елегантен карактер.

Кампањата за новите Absolu парфеми плени со луксуз, елеганција и чувство на слобода. Снимана на приватна јахта во Мајами, динамичен и стилски град, таа ја прикажува харизмата и силата на Irina Shayk и Jon Kortajarena. Тие го олицетворуваат духот на овие мириси: магнетични, самоуверени, современи и со природна привлечност. Динамичната атмосфера, придружена со топлите нијанси на зазорувањето, ја нагласува исклучителната енергија и интензитет што ги носат Pour Femme Absolu и Pour Homme Absolu.

Michael Kors Pour Femme Absolu и Pour Homme Absolu не се само парфеми, туку израз на стил, страст и современа гламурозност.

Michael Kors

Michael Kors е американски светски познат и наградуван моден дизајнер за луксузни модни додатоци и облека. Компанијата која го носи неговото име е основана во 1981 година, а во неа моментално можат да се најдат производи со неговиот потпис и Michael Kors Collection, MICHAEL Michael Kors и Michael Kors Mens етикети. Овие производи вклучуваат додатоци, обувки, часовници, накит, машка и женска облека, нослива технологија, очила и целосна линија на парфеми. Зад оваа растечка империја стои единствен дизајнер со вродено чувство за гламур и неуморно око за безвременски шик. Michael Kors има освоено бројни признанија во модната индустрија, беше почестен за својата филантропија и ја заслужи почитта и наклонетоста на милиони низ светот.