Miu Miu Miutine Intense Eau de parfum
Price range: 6.150,00 ден through 12.060,00 ден
Нов интензивен женски мирис од Miu Miu кој смело го засилува препознатливиот потпис на бобинки од обожаваниот оригинален Miutine. Miutine Intense го балансира мооќниот акорд на капина, со нежните цветни ноти на гарденија и топлината на ванила. Со својата впечатлива и богата длабочина на бобинки, Miutine Intense е неконвенционален овошно-цветен мирис за оние кои бараат поголем интензитет, повеќе бобинки, повеќе Miu Miu.
- Опис
- За брендот
Опис
Откриј го интензивното ново поглавје на Miutine, кое претставува поконцентрирана верзија на омилениот оригинал. Збогатен со луксузен потпис на ликер од капина, овој женствен мирис достигнува нови длабочини на овошно-цветен интензитет, балансирајќи ги нотите на мацерирани капини, налик на сладок џем, со блескавата свежина на гарденија и сирупастата топлина на ванила. Отелотворувајќи го слаткиот баланс на софистициран аперитив од шумско овошје, Miutine Intense Eau de Parfum ја доловува свежата, сензуална атмосфера на уживање во коктел „Кир Ројал“ (Kir Royale).
• Почетна нота: Ликер од капини
• Срцевина: Акорд на гарденија
• База: Бурбон ванила
Miutine Intense Eau de Parfum е мирисен Miu Miu потпис за оние кои не се плашат да ја изразат нивната најинтензивна страна со магнетична непослушност. Декадентетн, но погоден за носење. Интензивен, но никогаш премногу. Совршениот мирис за модерната ‘It-girl’ која бара мирис кој е исто толку смел, повеќестран и безнапорно кул како што е таа. Дизајниран од мастер парфимерот Dominique Ropion, Miutine Intense е бескомпромисно посмела едиција на Miutine, кое ја засилува препознатливата нота на бобинка со хипнотизирачката, длабока и богата арома на капина.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Зрачи со безгрижниот дух на Miu Miu девојка со твојот нов препознатлив мирис. Испрскај го Miutine Intense на пулсните точки на вратот, клучна коска и злобови. За да оставиш поинтензивна трага, нанеси го внатрешниот дел на лактите и позади колената, а топлината на твоето тело дополнително ќе го засили ширењето на мирисот.
Miu Miu
Giorgio Armani е познат италијански моден дизајнер, најпознат по своите линии на машка облека, кој го преточува своето чувство за мода и естетска визија и во светот на мирисите, шминката и негата за кожа. Неговата елеганција, безвременска софистицираност, ненаметлива едноставност и беспрекорен стил, се одразуваат низ производите направени од најквалитетни материјали. Armani ја започнува кариерата како дизајнер на излози во стоковна куќа, а потоа и како асистент во машкиот дел. Од 1960 до 1972 година работи како дизајнер во познатата куќа Nino Cerutti, а потоа како независен дизајнер за бројни модни куќи, пред конечно да го основа својот бренд. Истоимениот бренд се проширува во текот на доцните 70-ти и раните 80-ти години, нидејќи разни колекции во различни ценовни распони, пантолони, долна облека, додатоци, а со договорот со L’Oreal, и мириси и козметички производи. Giorgio Armani Beauty го претставува Armani за жени во 1982 година, а потоа и Armani за мажи во 1984. Овие два мириси се дел од долгата и успешна низа на мириси издадени од овој бренд, продолжувајќи во овој стил низ 21-виот век.













