-25%

Paco Rabanne Phantom Eau de toilette

Price range: 5.320,00 ден through 6.630,00 ден

SKU: 1432

Футуристички и ароматичен мирис за мажи.
Роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија. Користи иновативен креативен процес за селектирање на состојки кои ќе направат да се чувствуваш енергичен, самоуверен и секси.
Phantom е мирис кој го поттикнува умот со енергичен зелен бран од лимон и ветивер, како и неодолива кремаста лаванда и дрвенеста ванила.
Се заедно за преголема доза на сензација која ќе трае долго и која ќе прави да се чувствуваш добро.

Phantom е направен во Франција, со состојки добиени на етички и одговорен налин, како што се органска лаванда, италијански лимон и ветивер од Хаити.

Paco Rabanne

“Кога се работи за креативност никогаш не станува збор за заведување, станува збор за шокирање. Пробувам да создадам моќни моменти затоа што единствено емоциите ја кажуваат вистината.„ – Paco Rabanne
Francisco (Paco) Rabaneda Cuervo e француски дизајнер со шпанско потекло. Првичната професионална определба, иронично, е апсолутно спротивна на неговите подоцнежни интереси и кариера. Како архитект, неговите идеи се рефлектираат во неговите креации и мириси, презентираат едно необично светло, интересена имплементација на градежништвото во модата и мирисниот универзум. Дизајнерот кој Коко Шанел го нарекува „металскиот работник„ отвори нови хоризонти, една нова модерна ера. Неговата ексцентричност и ексклузивност дава објаснување на мотото на брендот – „ОСМЕЛИ СЕ!“.