Филтер

Прикажувам 1393–1416 од 2488 резултати

, ,

Bell HYPOAllergenic Rich Creamy кармин

Долготрајната формука, кремастата текстура и интензивната покривност се она што ќе најдеш во HYPOAllergenic Rich Creamy карминот. Благодарение на неговите навлажнувачки својства и сатинестиот завршеток, твоите усни ќе изгледаат феноменално долго време. Карминот се нанесува еднакво, обезбедувајќи завршеток кој не ги суши усните.Погоден за лица со чувствителна кожа склона кон иритација и воспаление. Дерматолошки тестиран производ.

550,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Tom Ford Eau D'Ombré Leather тоалетна вода за мажи и жени

Есенцијата од свеж ѓумбир, коријандер и кардамом разгоруваат смело отворање кое го доловува раѓањето на нов ден над американскиот запад. Тинктурата од ванила поттикнува блескави ноти на кожа – сензуален пламен приземјен во пејзаж од богат килибар и медени дрва.

Price range: 9.300,00 ден through 13.200,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Elixir Parfum Intense

Разгори ги сетилата со примамливиот BOSS The Scent Elixir for Her, богата, висококонцентрирана интерпретација на оригиналниот мирис на BOSS The Scent for Her.

Овој килибарно-дрвенест Elixir инстантно те хипнотизира, отворајќи се со свежа експлозија од розев бибер, заедно со огнени аспекти кои ја зголемуваат привлечноста на мирисот. Во срцевината на овој женски мирис, цветните ноти на беладона мамат со чувство на мистерија и возбудливост, оставајќи опојна трага. Основата содржи богати килибарни ноти, кои носат чувство на топлина и темна сензуалност.

Препознатливото BOSS The Scent шише е облечено во истата длабоко црвена лакирана нијанса како и неговиот машки пар, рефлектирајќи го интензитетот на заводливиот мирис внатре. Шишето е украсено со златно капаче со луксузен сатенски завршеток, пресликувајќи ги сјајните метални акценти на надворешното пакување.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 6.390,00 ден through 9.140,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Elixir Parfum Intense

Разгори ги сетилата со примамливиот BOSS The Scent Elixir for Him, богата, висококонцентрирана интерпретација на оригиналниот мирис на BOSS The Scent for Him.

Овој килибарно-кожен Elixir се отвора со експлозија од лута црвена Pimento пиперка, која пренесува комплексен, зачинет мирис полн со харизма. Во срцевината на овој машки парфем, апсолутот од лаванда, добиен од Прованса, инстантно плени со својата енергична енергија. Оваа офистицирана мирисна композиција е збогатена со дрвенеста основа од богато каледонско сандалово дрво.

Препознатливото BOSS The Scent шише е облечено во истата длабоко црвена лакирана нијанса како и неговиот женски пар, рефлектирајќи го интензитетот на заводливиот мирис внатре. Шишето е украсено со златно капаче со луксузен сатенски завршеток, пресликувајќи ги сјајните метални акценти на надворешното пакување.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 7.730,00 ден through 10.290,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss Bottled Absolu Parfum Intense

Откриј ја најголемата софистицираност со BOSS Bottled Absolu, смел Parfum Intense кој се одликува со неодолива препознатлива состојка. Модерен и незаборавен, овој посебен мирис е доказ за моќта на BOSS мажот, кој го додава неговиот златен допир во секоја одлука, секој предизвик и секој успех.Креиран од Annick Menardo во соработка со Suzy Le Helley, BOSS Bottled Absolu се отвора со ноти на кожа, хармонизирани со освежувачка есенција од темјан. Во срцевината на овој BOSS parfum за мажи, есенцијата од пачули и апсолутот од миризлива смола ја подигнуваат енергијата и раскошноста на овој софистициран мирис. Есенциите од топлото кедрово дрво и овошниот давана цвет во основата, оставаат скапоцена трага која трае.Уникатното BOSS Bottled шише е обоено со топла, но сепак светла база со боја на килибар,  знак за благородноста на скапоцениот и примамлив парфем внатре. Сјајниот лакиран завршеток и сјајното златно капаче ја комплетираат исклучителната презентација на овој дрвенест мирис за мажи, кој го надополнува позитивниот начин на размислување на секој BOSS.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 5.720,00 ден through 9.450,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Gucci Flora Gorgeоus Magnolia Eau de parfum for women

Flora Gorgeous Magnolia ја истакнува нашата внатрешна сила, истакнувајќи ја блескавата и моќна магнолија. За да се зголеми слаткоста на есенцијата од магнолија, додадена е нота на бобинки за овошна и сочна димензија. Потоа е додадена есенција од пачули за приземјување на мирисот, со воспоставување баланс помеѓу свежината и сензуалноста. Основата исто така содржи и дрвенести ноти кои обезбедуваат нежен и сензуален допир. Во исто време, нотите на кокос носат свежина која е истовремено свежа и привлечна. Конечно, нотите на јасмин самбак даваат зелена интензивност и топлина која се соединува со мошус во една единствена трага.

За брендот:
Од неговото основање во 1921, брендот Gucci се трансформираше од продавничка отворена на споредна уличка во Фиренца, до неговата позиција денес како светски реномиран симбол на италијанската мајсторија, визионерска креативност и иновативен дизајн. Отсликувајќи ги и дефинирајќи ги децениите што го доведоа напред, историјата на модната куќа влијаеше на модата и културата на неизбришливи начини во текот на 20-от и 21-от век. Основачот на куќата, Guccio Gucci е роден во Фиренца во 1881 година. Во неговата младост тој се преселува во Лондон, каде започнува да работи како портир во хотелот Savoy во 1897 година. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе во хотелот, тој се вратил во Фиренца во 1902 година со сон дека еден ден багажот ќе го носи неговото име, а во 1921 година го отворил првиот Gucci бутик Гучи на Via della Vigna Nuova. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесетите години, производите на Gucci биле познати во целиот свет.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.450,00 ден through 7.540,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Gucci Flora Gorgeоus Orchid Eau de parfum for women

Gucci Flora Gorgeous Orchid Eau de Parfum отвора ново поглавје во Gucci Flora колекцијата. Првиот цветно-гурмански мирис на Gucci е инфузија од вибрантна ванила и свежи водени озонски ноти, кои ја зголемуваат светлата сензуалност на ванила орхидејата во срцевината. Неговата кремаста флорална димензија и гурманска раскошност освежува со неочекувана пријатност. Облечен во сончева жолта боја, мирисот ја слави безграничниот креативен дух на жените со исклучителни состојки неочекувано споени меѓу себе. Откриј ја моќта на твојата лична магија и биди инспириран да ги живееш животот на твој сопствен начин со Gucci Flora Gorgeous Orchid Eau de Parfum.За брендот:Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.450,00 ден through 10.540,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Hugo Intense Eau de parfum Intense

Секој удар. Секој ритам. Секоја нота. Искуси сѐ со HUGO INTENSE Eau de Parfum Intense, динамичен мирис кој соодветствува со твојата интензивност. Овој моќен мирис те држи присутен и ослободува нови нивоа на креативност кога го носиш.

Неговото прекрасно отворање, со горни ноти на смел црвен грејпфрут и зелен лимон, се сретнуваат со мешавина од црвено јаболко и цимет за да ги разбудат сетилата. Црвената мајчина душица носи ароматична енергија во срцевината, додека длабоката база од ноти на црвена кожа, паули и кедрово дрво, создаваат траен интензитет, носејќи ја аромата степен повисоко. Носи го за да се прилагодиш на твоите вибрации, за да ја прифатиш вистината и да бидеш во ритам со твоето тело.

Шишенцето пристигнува во впечатлива црвена боја, надополнета со ефект на бетон и цмело црно лого, завршен со црно капаче и црвена текстилна лента, за зголемување на интензитетот уште повеќе. Црвено за енергија, црвено за креативност, црвено за самоизразување. Ова е HUGO INTENSE.

За брендот:
Hugo Boss е германски бренд за мода и убавина кој е именуван по неговиот основач Hugo Boss (1885–1948). Првиот парфем од Hugo Boss бил лансиран во 1985 година, Boss Number One за мажи. До денес се издадени над 67 парфеми за мажи и жени,а нивните мириси биле создадени од парфимерите Jean-Marc Chaillan, Pierre Wargnye, Annick Menardo, Domitille Michalon, Ilias Ermenidis, Gerard Anthony, Ursula Wandel, Will Andrews, Sophie Labbe, Alain Astori, Beatrice Piquet, Bob Aliano и Claude Dir.

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 5.990,00 ден through 7.990,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
,

L`Oreal Professionnel Scalp Advanced Duo сет - шампон за намалување на непријатноста на чувствителен скалп 300мл + третман за нега на чувствителен скалп 200мл

L`Oreal Professionnel Scalp Advanced Duo сет - шампон за намалување на непријатноста на чувствителен скалп 300мл + Третман за нега на чувствителен скалп 200мл

Original price was: 2.600,00 ден.Current price is: 2.080,00 ден.
Додај во кошница
, , , , , ,

L`Oreal Professionnel Metal Detox Trio сет - шампон за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 300мл + маска за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 250мл + концентрирано масло за нега на коса 50мл

L`Oreal Professionnel Metal Detox Trio сет - шампон за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 300мл + маска за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 250мл + концентрирано масло за нега на коса 50мл

Original price was: 4.450,00 ден.Current price is: 3.560,00 ден.
Прочитај повеќе
, , , , ,

L`Oreal Professionnel Metal Detox Duo сет - шампон за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 300мл + маска за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 250мл

L`Oreal Professionnel Metal Detox Duo сет - шампон за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 300мл + маска за прочистување на металот во косата по боење или осветлување 250мл

Original price was: 3.100,00 ден.Current price is: 2.480,00 ден.
Прочитај повеќе
, , , ,

Maison Margiela Replica Autumn Vibes Eau de toilette for women and men

Чист момент на бегство и набљудување на дрвата во есенска шума. Звукот на шарените лисја и желади кои крцкаат под тешките чекори. Свежиот воздух и дрвената патека на древните дрва. Задоволството да се биде едно со природата.

Price range: 5.280,00 ден through 10.360,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Matrix Instacure Build-A-Bond Liquid Mask течна маска за кршлива и оштетена коса 250мл

Instant Revival течна маска. Како серум, нејзината течна кремаста текстура ја зацврстува твојата мега оштетена коса од внатре и работи интензивно на влакното за мазност, навлажнување и сјај. 1 милијарда зајакнувачи во секое шише за да се избориш против оштетувањето и да ја вратиш живоста на косата.Пар клучни состојки: лимонска киселина која ја зацврстува косата одвнатре, сквален за омекнување и измазнување однадвор. Професионална формула: Професионална формула со одмивање тестирана и одобрена од стилистите. Иновативна и забавна текстура: Розева крема, супер течна и лесна маска. Инстантно впивање за инстантен сјај на косата. Мирисни ноти: сочен лимон и божур, смоква за премиум пресврт, кои “лежат“ на основа составена од ноти на килибарно дрво и мошус.Веганска формула. Не содржи состојки од животинско потекло.ПРИДОБИВКИ: 8 пати поцврста коса*. 83% велат дека нивната коса веднаш се чувствува оживеано по 1 употреба**. Лесно отплеткување, мазност и навлажнета коса. Инстантно впивање, текстура како серум.*Инструментален тест: шампон + кондиционер + маска + балсам во споредба со класичен шампон. **Потрошувачки тест по шампонирање, кондиционер и балсам. НАЧИН НА УПОТРЕБА: По шампонирањето, нанеси на влажна коса по должината кон врвовите. Остави да делува 5 минути, а потоа исплакни.ТИП НА КОСА: Оштетена Боена Бланширана Кршлива Многу третирана ДевитализиранаЕФЕКТ: Штитење од оштетување Навлажнување Екстремна обнова Зацврстување Усовршување Обнова на површината 

1.400,00 ден
Додај во кошница
, ,

Matrix Instacure Build-A-Bond супер зацврстувачки балсам без одмивање за кршлива и оштетена коса 75мл

Matrix Instacure Build-A-Bond супер зацврстувачки балсам за коса кој не се одмива. Нега од милијарда зајакнувачи за да се справиш со оштетувањето и да имаш коса од милијарда долари. Со лимонска киселина за зацврстување на твојата мега оштетена коса одвнатре и сквален за омекнување и измазнување однадвор. Богатата текстура еднакво ја покрива косата од должината до врвовите, штитејќи ја од frizz, кршење и топлина до 230°C.Пар клучни состојки: лимонска киселина која ја зацврстува косата одвнатре, сквален за омекнување и измазнување однадвор. Професионална формула: Професионална формула тестирана и одобрена од стилистите. Иновативна и забавна текстура: Густа розева балм крема, супер лесна за нанесување, која притоа не е масна и лесно се впива. Мирисни ноти: сочен лимон се спојува со цвет од лимон, како и божур, смоква за премиум пресврт, кои “лежат“ на основа составена од ноти на килибарно дрво и мошус.Веганска формула. Не содржи состојки од животинско потекло.ПРИДОБИВКИ: 1 милијарда зајакнувачи во секое шише кои се борат со оштетеноста. 8 пати поцврста коса*. 83% велат дека нивната коса веднаш се чувствува оживеано по 1 употреба**. 94% помазна коса*. Заштита од топлина до 230°C. Лесно отплеткување и навлажнување. Контрола на frizz-от.*Инструментален тест: шампон + кондиционер + маска + балсам во споредба со класичен шампон. **Потрошувачки тест по шампонирање, кондиционер и балсам. НАЧИН НА УПОТРЕБА: По шампонирање и кондиционер, или пак по Instant Revival Mask, на коса просушена со пешкир нанеси количина во форма на паричка по средината на должината кон врвовите. Користи пред сушење со фен, за да ја заштитиш косата од топлина. Не плакни.ТИП НА КОСА: Оштетена Боена Бланширана Кршлива Многу третирана ДевитализиранаЕФЕКТ: Штитење од оштетување Навлажнување Екстремна обнова Зацврстување Усовршување Обнова на површината 

1.445,00 ден
Додај во кошница
, ,

Michael Kors Pour Femme Eau de parfum for women

Michael Kors Pour Femme е цветно-дрвенест-мошусен мирис кој зрачи со софистицираност, убавина и сила. Префинетиот букет од јасмин и расцветана роза создава хармоничен баланс со горни ноти на мандарина, додека кремастата ванила, привлечниот мошус и свежиот пачули, обезбедуваат сензуален завршеток. Луксузен и женствен, кој дефинитивно ќе даде енергија на твоето тело и душа.

Price range: 4.935,00 ден through 7.970,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Michael Kors Pour Homme Eau de parfum

Michael Kors Pour Homme е дрвенесто-зачинет цитрусен мирис кој ја евоцира радоста, топлината и енергијата на океанот. Горните ноти на бергамот создаваат освежувачко отворање, кои потоа отстапуваат место на нотите на морска вода и мошусната жалфија, додека ветиверот и сивиот килибар во основата, го поставуваат темелот на мирисот. Модерен и мажествен, кој ќе ги разбуди твоите сетила.

Price range: 4.555,00 ден through 7.655,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page