Gucci Flora Gorgeоus Magnolia Eau de parfum for women
Price range: 5.450,00 ден through 7.540,00 ден
Flora Gorgeous Magnolia ја истакнува нашата внатрешна сила, истакнувајќи ја блескавата и моќна магнолија. За да се зголеми слаткоста на есенцијата од магнолија, додадена е нота на бобинки за овошна и сочна димензија. Потоа е додадена есенција од пачули за приземјување на мирисот, со воспоставување баланс помеѓу свежината и сензуалноста. Основата исто така содржи и дрвенести ноти кои обезбедуваат нежен и сензуален допир. Во исто време, нотите на кокос носат свежина која е истовремено свежа и привлечна. Конечно, нотите на јасмин самбак даваат зелена интензивност и топлина која се соединува со мошус во една единствена трага.
За брендот:
Од неговото основање во 1921, брендот Gucci се трансформираше од продавничка отворена на споредна уличка во Фиренца, до неговата позиција денес како светски реномиран симбол на италијанската мајсторија, визионерска креативност и иновативен дизајн. Отсликувајќи ги и дефинирајќи ги децениите што го доведоа напред, историјата на модната куќа влијаеше на модата и културата на неизбришливи начини во текот на 20-от и 21-от век. Основачот на куќата, Guccio Gucci е роден во Фиренца во 1881 година. Во неговата младост тој се преселува во Лондон, каде започнува да работи како портир во хотелот Savoy во 1897 година. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе во хотелот, тој се вратил во Фиренца во 1902 година со сон дека еден ден багажот ќе го носи неговото име, а во 1921 година го отворил првиот Gucci бутик Гучи на Via della Vigna Nuova. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожа и до почетокот на шеесетите години, производите на Gucci биле познати во целиот свет.
Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци
- За брендот
Gucci
Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во 1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.






