Филтер

Прикажувам 1441–1464 од 2505 резултати

, , , ,

Giorgio Armani Acqua di Gio Eau de toilette 50ml + гел за туширање 75ml

Acqua Di Giò Eau de Toilette се отвора со експлозија од свеж калабриски бергамот, неролија и зелена мандарина. Светол, воден микс со рузмарин, слатко јапонско јаболко и топол индонезиски пачули, за прекрасна тоалетна вода за мажи.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

5.640,00 ден
Додај во кошница
, , , ,

Emporio Armani Stronger With You Intensely Eau de parfum 50ml + гел за туширање 75ml

Giorgio Armani Code тоалетна вода за мажи 50мл + Giorgio Armani Code тоалетна вода за мажи тоалетна вода 15мл

STRONGER WITH YOU INTENSELY е интензивен и привлечен fougere килибарно-дрвенест мирис. Мирисот се отвора со зачинета есенција од розев бибер, која е искомбинира со култната нота на костен на  STRONGER WITH YOU, носејќи топлина и оригиналност на мирисот. Срцевината, е комбинација од лаванда и жалфија, пренесувајќи самоуверена елеганција и лесна безгрижност на младоста. Основните ноти, мешавина од килибар и есенција ванила, ја зголемуваат вибрантноста и интензивноста на овој мирис.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

6.020,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Yves Saint Laurent Libre Flowers & Flames Eau de parfum florale

Нова флорална експлозија, која содржи ноти на единствениот пустински крин, состојка создадена ексклузивно за YSL Beauty. LIBRE FLORALE, нов мирис за жени.

Сончев и моќен. Огнените почетни цветни ноти го разгоруваат кралскиот цут со топли и зачинети ноти. Сензуален и кремаст. Со своите нијанси на кокос, Monoï (гардении од Тахити потопени во кокосово масло), ylang-ylang цвет и јасмин во основата, се креира незаборавна цветна хармонија, правејќи го Libre Florale мирис кој остава трага. Смел, блескав и неочекуван, акордот на пустински крин е придружен од неговите бели цветни сестри, тубероза и цвет од портокал, кои го прават LIBRE FLORALE најблескавата цветна женска интерпретација на YSL Beauty култниот цветен мирис.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.705,00 ден through 8.875,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler A*Men Fantasm Eau de parfum Sensuelle

Вклучи ја твојата фантазија со A*Men Fantasm, сензуален парфем за мажи. Со овој килибарен, ароматично-гурмански мирис, Mugler открива врвно мажествено искушение, ослободувајќи ја моќта која произлегува од сензуалноста. Интензивно сензуална, жешката зависност на кожата е доловена со фасцинантно црно шише, украсено со препознатливата сребрена ѕвезда на Mugler.

A*Men Fantasm ја зголемува интензивноста на оригиналниот мирис со луксузен сензуален парфем за мажи. Препознатливиот мирис на пачули и ноти на кафе се преобразуваат во ново мирисно уживање, отстапувајќи место на малку горчливото, но неверојатно реалистичната темно чоколада. Оригиналната полесна есенција на пачули отстапува место на посветлата срцевина од пачули во овој парфем. Мирисно отелотворување на фантазијата, привлечна и сензуална, за мажот кој не се плаши да ги ослободи своите најдлабоки фантазии.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 5.820,00 ден through 7.450,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Thierry Mugler Angel Fantasm Eau de parfum Sensuelle for women

Вклучи ја твојата фантазија со Angel Fantasm, сензуален парфем за жени. Со овој килибарен, гурмански овошен мирис, Mugler ослободува врвно уживање. Несомнено сензуална, новата жешка зависноста на кожата доловена во фасцинантно шише – црна ѕвезда. Препушти се на твоите најжешки фантазии.

Парфемот Аngel Fantasm го претвора оригиналниот мирис на пачули во нова привлечност за кожата. Тука, состојката бергамот отстапува место на сочните ноти на ананас. Свежиот кокос ја прегрнува кожата како и сензуалните бодиња на Mugler. Смелата преголема доза пачули добива светла форма со рафинирана срцевина со есенција од пачули.

Како врвно уживање, ванилата станува уште поскапоцена со инфузија на бурбон ванила од Мадагаскар со одличен квалитет. Темна, интензивно-сензуална нота која ја ослободува твојата жестока женственост и ја вклучува твојата фантазија.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 4.270,00 ден through 8.580,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Ralph Lauren Ralph’s Club Eau de toilette

Разбуди ги сетилата со Ralph’s Club тоалетната вода за мажи, рафинирана ароматична мешавина со ненадминлива свежина. Инспириран од бистрината на утринскиот воздух кој те носи низ ноќта, овој мажествен мирис се стреми да ја пренесе енергијата на новата зора на хоризонтот.

Ralph’s Club EDT ги помешува цитрусните ноти на грејпфрут, неочекуваната флоралност на гераниум и ароматичната срцевина на лаванда и ветивер. Горните ноти се зелена мандарина, масло од грејпфрут и масло од кардамом. Срцевината е составена од ноти на жалфија, лаванда, гераниум, путер од орис (корен од ирис).  Основата е сочинета од ноти на масло од пачули, балсам од смоква, ноти на кожа и масло од олибанум. Дрвенестата, цитрусна композиција го прави овој мирис одличен за лето, но и есен.

Ralph Lauren Polo се здружува со L’oreal групацијата за да претстави и своја линија мириси, започнувајќи со култниот мирис за мажи Polo и класичниот женски мирис Lauren во 1978. Наредните два мириси во линијата, Chaps for Men и Tuxedo for Women, двата лансирани во 1979 година, исто така стануваат омилени класици.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Price range: 5.480,00 ден through 6.840,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler Alien Hypersense Eau de parfum Refill

Таа доаѓа по тебе. Инстинктивно.

Хипнотична, а понекогаш и опасна. Преобразувајќи се одвнатре со едно прскање од нејзиниот мирис, нејзините пет сетила се возвишени. Вид, слух, вкус, допир, мирис… Таа чувствува сè хиперболично, поврзано со нејзината најавтентична, првобитна душа.

Тоа е најзината моќ, нејзиното задоволство, нејзиното смело нефилтрирано “ЈАС”. Сè уште вродено добротворна, музата на Mugler Alien ти нуди моќ да пристапиш кон целосниот спектрум на твојата сензоријалност. Чудна и прекрасна, таа доаѓа по тебе, ќе те зароби, ќе те преобрази, ќе те покани да ги доживееш твоите хиперсензации со новиот мирис.

Сензорен наплив од сочно овошје, дрвенести ноти и флоралност, Alien Hypersense Eau de Parfum го засилува препознатливиот потпис од јасмин самбак во оригиналниот Alien, и го турка во едно расцветано откритие. Хипермодерен, хиперженствен и жестоко цветен, Alien Hypersense ја изразува моќта на музата на Alien. Суштината на флоралноста, доловена во техниколор талисман шише. Изразено со најчудните, најкул слики на Mugler досега. Многу повеќе од парфем: покана да се почувствува невообичаеното. Да се ослободи твојот внатрешен Alien (вонземјанин).

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

8.120,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Cacharel Yes I Am Glorious Eau de parfum for women

Yes I Am Glorious е мирис за жени со самодоверба и усогласен со неговата суштина. Флорален, овошен и блескав мирис! Смела изјава за женственоста.

Мирисот е сместен во препознатливото Yes I Am шишенце во форма на кармин, со нова nude нијанса и сјајна боја.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 3.050,00 ден through 4.540,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Cacharel Yes I Am Bloom Up! Eau de parfum for women

Yes I Am Bloom Up! Eau de Parfum е весела интерпретација на оригиналниот YES I AM потпис.

Овој цветно-овошен мирис е посветен на оптимистичните жени кои се надминуваат себеси со гламур. Разигран мирис, со култен контраст од флорални и овошни ноти кои инстантно ќе донесат насмевка на твоето лице. Препознатливото шишенце во форма на кармин станува побогата верзија од било кога, со проѕирна и енергична црвена боја, бојата на желбата и оптимизмот, и сјаен завршеток за да ја истакне прекрасната ватирана текстура на стаклото.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 3.050,00 ден through 4.610,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Cacharel Amor Amor Eau de toilette for women

Amor Amor е мирис на страсните жени, млади ентузијасти за животот. Мирис кој ја пренесува визијата за љубовта на брендот Cacharel. Нејзиниот мирис е како стрела на љубовта која никој не може да ја заборави. Страста, романтиката и љубовта ја претставуваат суштината на овој мирис концентрирана во нејзиното препознатливо шише.

Како љубовна напивка, композицијата е обоена со живописнo црвена боја која ги комбинира магичните ноти на цвеќе и овошје. Горните ноти на розев грејпфрут, портокал, мандарина, црна рибизла и бергамот, се надополнети со ноти на јасмин, свежи кајсии, роза, крин и момина солза кои ја исполнуваат срцевината на оваа композиција. Основата е составена од ноти на ванила, тонка зрно, килибар, кедар и мошус. Amor Amor претставува ода на најчистите чувства, тоалетна вода која те тера да сакате многу и страсно.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 3.180,00 ден through 6.430,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Cacharel Anais Anais Eau de toilette

Најмладата и најнежната од големите класици на брендот Cacharel, тоалетната вода Anais Anais носи порака на нежност. Мирис посветен на младите девојки кои Cacharel ги замислува како женствени, слатки и сензуални.Свеж како роса на свежо исечените стебла. Романтичен како букет бели цветови. Сензуален кога мирисот на мошус ќе се соедини со нејзината кожа. Тоалетна вода која е неодолива. Во почетните ноти на оваа мирисна композиција се чувствуваат мирисите на бергамот, лимон, лаванда и зумбул. Интензивната срцевина претставува комбинација од слатка роза, нежен бел крин, јасмин, ирис и каранфил, додека нотите на килибар, пачули, кедар, ветивер, мошус и кожа ја сочинуваат основата на оваа тоалетна вода.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 3.390,00 ден through 6.700,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Make Me Blush течно руменило

Високо пигментирано, кремасто, течно руменило кое лесно се бленда, надоградува и соединува со кожата, за нежен полу мат завршеток, со постојаност и до 12 часа. Безтежинско течно руменило со долготрајна кремаста формула која трае во текот на целиот ден. Достапно во 6 живописни бои кои може меѓусебно да се мешаат и комбинираат.

Главни придобивки од производот:
Долготрајно, надоградливо, кремасто руменило, за здрав изглед со полу-мат завршеток.

Начин на употреба:
Нанесете 1 капка од руменилото на лицето, блендајте со врвот на прстите, за здрав изглед. Нанесете 2 капки од руменилото према горе и изблендајте за подигнат изглед на јаболчниците. Нанесете 3 капки од руменилото, изблендајте, за да добиете интензивен, впечатлив изглед.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

 

3.140,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Loveshine Candy Glaze сјај во форма на кармин 3.2g

Кармин за усни кој има сјаен завршеток како сјај за усни, а ги негува усните како мелем. Нелеплива формула која се соединува на усните, ги потхранува и остава нежни и сочни. Третирајте ги вашите усни со сочните бои, сјајниот изглед и потхранувачката хидратантна нега. Candy Glaze е надополнет со хијалуронска киселина и калинка за пополни и хидрирани усни. Candy Glaze остава сладок суптилен мирис со свежа удобност при секоја употреба.Главни придобивки од производот: Средна покривност на усните, витамин Е, сјајни, хидрирани и негувани усни.Начин на употреба: Нанесете од сјајниот кармин на усните, почнувајќи од горните усни, од внатрешниот дел кон надвор.Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.250,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Giorgio Armani Si Passione Eau de parfum Refill 100ml

Откриј го женствениот мирис од Giorgio Armani, Si Passione. Овој овошно-цветен мирис со ноти на роза и дрвенеста ванила е креиран за жената која е страстна, женствена и слободна.

Sì Passione додава нова димензија на женската парфемна личност на Giorgio Armani или со негови зборови, „неодолива комбинација на грациозност, сила и независност на духот“. Кажи Sì на страста.

Впечатливата црвена боја на шишето е симбол на ставот и суштината на Sì Passione. „Црвената како знак на виталност, црвената како знак на страста.“ – Giorgio Armani

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

9.190,00 ден
Додај во кошница
, ,

Giorgio Armani Code Eau de parfum Refill 150ml

ARMANI CODE EAU DE PARFUM е последната мирисна композиција, која открива нова примамлива интензивност во асортиманот на ARMANI CODE франшизата.

Килибарно-зачинетиот мирис хармонизира ноти на есенција од зелена мандарина, која понатаму се развива во динамична свежина надополнета со топла ароматична есенција од морско оревче. Мирисот открива мажествена сензуалност во неговата основа, нагласена од присуството на богат апсолут од тонка зрно.

Претставен во впечатливо шишенце кое може повторно да се полни. Како и останатиот асортиман, шишето има квадратен, но заоблен облик во елегантна црна боја со контрастни бели букви. Со неговиот динамичен и воодушевувачки ефект, ARMANI CODE EAU DE PARFUM ги краси и засилува мирисните потписи на линијата.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

8.240,00 ден
Додај во кошница
, , ,

Yves Saint Laurent Y Eau de parfum Refill

Во 2018, Yves Saint Laurent Beauté ја претставува линијата мириси Y. Линијата е инспирирана од слободниот и иновативен дух на мажот кој го основал овој бренд, а мирисите карактеризираат смелост, свежина и младешка енергија.

Y Eau de Parfum го доловува мажот кој ги остварил неговите соништа и се движи напред кон иднината. Тој е маж кој се соочува со предизвиците пред себе и ништо не зема здраво за готово.

Горните ноти на мирисот претставуваат експлозија од бергамот и ѓумбир, додека нотите на јаболко дополнително ја засилуваат свежината на мирисот. Нотите на жалфија и смрека ја обележауваат срцевината во комбинација со ментол и есенција од гераниум која како и позадината на Y парфемот, совршено го отсликува Y мажот. Основните ноти се нагласени од ноти на килибарно дрво, олибанум и тонка зрно. Мирисот е длабок, свеж и мажествен.

Рок на траење на производот (од отворање): 24 месеци

10.460,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent La Nuit de L'Homme Le parfum

Во текот на ноќта, сè може да се случи.

Темен згоден маж, чиј неодолив шарм и заводливост “збришува“ сè од нивниот пат. Нова страна на Yves Saint Laurent мажественоста: Le Parfum, суштината на заведувањето. Дрвенесто-килибарен мирис со акценти на црн бибер, лабданум и ветивер.

Мистериозна еволуција на темнината и светлината.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 6.500,00 ден through 8.700,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Prada Paradoxe Virtual Flower Eau de parfum for women

Paradoxe Virtual Flower Eau de Parfum е флорално-мошусен мирис кој го доловува воздушниот флорален мирис на јасминот како што се перцепира во природата.

Авангардниот потпис открива свежи горни ноти на италијански бергамот, живописна флорална срцевина која содржи ноти на јасмин и неролија и базни ноти на мошус и Ambrette за удобност. Овој женствен парфем е идеален за пролет и лето со неговата свежа и флорален мирисен профил и импресивна трајност.

Како и оригиналниот потпис, шишето на Paradoxe Virtual Flower ја претставува суштината на модната куќа за реинвенција и преференца за контрасти. Минималистички и нежен дизајн на прв поглед, инспириран од култното Prada триаголно лого, дизајнирано да може “да лежи“ на неговата страна. Логото на Prada е во контраст со новата свежа бледо розева нијанса на мирисот. Шишето на парфемот кој може повторно да се полни е завршено со ‘Virtual Flower’ лого на неговото грло.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Price range: 6.270,00 ден through 11.830,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Valentino Uomo Born In Roma The Gold Eau de toilette

Born in Roma The Gold Uomo Eau de Toilette е нов, воодушевувачки мирисен потпис изразен преку мешавина од скапоцени зачини, кои го збогатуваат мирисот со топлина во горните ноти.

Есенцијата од кедрово дрво од Вирџинија, САД, носи дрвенеста топлина на мирисот, додека во основата нотите на килибарна ванила ја галат кожата како сонце во лето.

Valentino Beauty те кани да нурнеш во монохроматскиот и вибрантен свет на златната боја, како што е култниот Born in Roma. Златната боја продолжува да чекори низ времето, присвојувајќи нова страна на релевантност и модерност, која се провлекува во ова дуо.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Original price was: 8.240,00 ден.Current price is: 6.180,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page