Thierry Mugler A*Men Fantasm Eau de parfum Sensuelle
Price range: 5.820,00 ден through 7.450,00 ден
Вклучи ја твојата фантазија со A*Men Fantasm, сензуален парфем за мажи. Со овој килибарен, ароматично-гурмански мирис, Mugler открива врвно мажествено искушение, ослободувајќи ја моќта која произлегува од сензуалноста. Интензивно сензуална, жешката зависност на кожата е доловена со фасцинантно црно шише, украсено со препознатливата сребрена ѕвезда на Mugler.
A*Men Fantasm ја зголемува интензивноста на оригиналниот мирис со луксузен сензуален парфем за мажи. Препознатливиот мирис на пачули и ноти на кафе се преобразуваат во ново мирисно уживање, отстапувајќи место на малку горчливото, но неверојатно реалистичната темно чоколада. Оригиналната полесна есенција на пачули отстапува место на посветлата срцевина од пачули во овој парфем. Мирисно отелотворување на фантазијата, привлечна и сензуална, за мажот кој не се плаши да ги ослободи своите најдлабоки фантазии.
Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.
- За брендот
Thierry Mugler
Thierry Mugler е француски дизајнер и фотограф, познат по своите моќни модни парчиња во 80-тите и широко заслужен за воведувањето нов тренд или категорија на мириси – гурмански – во 90-тите.
Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.
Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.










