Филтер

Прикажувам 1585–1608 од 2499 резултати

, ,

Givenchy L`Interdit Rouge Ultime Eau de parfum for women

Цветно-дрвенест букет од раскошни бели цвеќиња проткаен со топли ноти на какао. Givenchy отвара ново Rouge поглавје со L’Interdit Eau De Parfum Rouge Ultime, мирис за жени кои се осудуваат да бидат посензуални од било кога досега. Никогаш не било потешко да се одолее на забранетото како сега со овој мирис. Чиста фасцинација во шишенце.

Price range: 5.660,00 ден through 7.050,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Redken Color Extend Magnetics балсам за боена коса 300мл

Опис: Color Extend Magnetics е е балсам за боена коса. Технологијата на самиот балсам  цели кој оштетените делови од влакното. Формулата е збогатена со RCT протеинско соединение кое помага во обновување на косата од коренот па се до врв, истовремено овозможувајќи му ја потребната нега на влакното.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Original price was: 1.650,00 ден.Current price is: 1.320,00 ден.
Додај во кошница
, , ,

Lancôme Idôle Refill парфем за жени 100мл

Шише направено за иднината која е сега во наши раце. Поодговорно, поскапоцено. Совршена зделка за потрошувачите и околината.

Начин на користење:

За да го наполниш повторно твоето шише:
– Отстрани го капачето
– Одврти ја металната пумпица
– Позиционирај го refill-от врз шишето
– Заврти го refill-от 1/4 кон лево за да започне преточувањето
– По употребата, сврти го капачето на 1/4 кон десно за да го затвориш

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

9.280,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Viktor & Rolf Flowerbomb Tiger Lily Eau de parfum

Откриј го Flowerbomb Tiger Lily Eau de Parfum, свежо и тропско дополнување во Flowerbomb мирисната фамилија. Овој женствен парфем е мирис кој ќе те транспорира во летна дивина.

Флоралниот мирис се отвора со освежувачка експлозија од ноти на кокосово млеко. Во срцевината лежи флорален букет обвиен околу нотите на егзотичниот тигрест лилјан, претставувајќи дива страна на парфемот. Ноти на сочно тропско манго ја обвиваат топлата основата од бензоин за жешка сензуалност.

Совршен мирис за дивата и независна жена. Жена која “рика“ со сета своја слава, целосно прифаќајќи ја нејзината сензуална женственост. Со Flowerbomb колекцијата, твојот цвет е твојата моќ. Со Flowerbomb Tiger Lily, ослободи ја моќта на дивиот тигрест лилјан, симбол на самодовербата,

Price range: 8.260,00 ден through 11.170,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Loveshine високосјаен хидратантен кармин за усни 3.2ml

YSL Loveshine Wet Shine – кармин кој на вашите усни им дава влажен сјај и 24 часовна хидратација. Искусете ја нашата единствена трансформативна текстура – од кармин до масло за усни.

3.250,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page

Lancôme Rénergie H.C.F. Triple Serum високо-ефективен anti-age концентрат за околу очи 20мл

Нова ера на висока ефективност за спречување на појавата на знаци на стареење. Револуционерна формула која во една тројна доза комбинира три активни состојки кои се познати по нивните комплементарни и симултани ефекти врз знаците на стареење на кожата, а кои досега се сметаа за некомпатибилни: хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулинска киселина. Моќниот ефект против стареење на Rénergie H.C.F. Triple серумот сега специјално прилагоден за пределот околу очите. Rénergie го прави невозможното возможно со патентирано шише кое содржи уникатна комбинација на активни состојки. Секој серум е заштитен од оксидација, светлина и нечистотии во сопствените комори за да обезбеди висока ефикасност против стареење од првата до последната употреба.

Начин на користење:

Користете го серумот во својата секојдневна рутина наутро и навечер, на претходно темелно исчистено лице. Пред првата употреба на серумот свртете го шишето наопаку и енергично протресете неколку пати, за да ги активирате формулите.
Чекор 1: За една апликација, нанесете 2 испумпувања на раката.

Чекор 2: Мешајте со врвот на прстите додека трите формули не се спојат во една серумска текстура.

Чекор 3: Нанесете го серумот во пределот околу очите со нежни движења.

Чекор 4: Нанесете од вашата дневна крема за околу очи.

Совет: Користете го со Advanced Génifique серумот за лице за зајакнување на бариерата на кожата и зголемување на сјајот. Прво нанесете Advanced Génifique, а потоа нанесете Rénergie H.C.F. Triple серумот за лице.”

Ефект (главни придобивки од производот):

✓ -31% намалени мимични линии
✓ +8% затегнати очни капаци
✓ -15% надуена област околу очите

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

6.470,00 ден
Додај во кошница
, , , ,

Lancôme UV Expert Supra Screen серум-крема за лице со SPF 50+ 40мл

Откриј ја ултра лесната и невидлива УВ серумска крема за лице. Крема со досега највисока УВ заштита на Lancome SPF 50+ против УВБ зраци кои поттикнуваат изгореници (горење) на кожата, и УВА зраците кои имаат долга бранова должина и продираат подлабоко во средниот дел на кожата (дермис). Нова патентирана иновација која нуди многу висока заштита на кожата.
Ултра лесна течност која брзо се впива во кожата, формула слична на серум, 6 пати помазна и полесна од просечен УВ производ. Невидлива заштита за сите тонови на кожа, без бели и масни остатоци на кожата.
Активни состојки: благодарение на комплексот против фотостареење и формула со скапоцени состојки која дава видливи резултати врз фините линии, темните дамки и недостатокот на сјај. Дерматолошки тестиран.

Начин на користење:

Користи го секој ден по чистењето на лицето како крема за сончање, хидратантна крема и прајмер за шминка – сѐ во едно!
Нанеси рамномерно на сите области на лицето.
Пред да нанесеш шминка, нанеси го како прајмер за шминка пред да нанесете подлога.

Главни придобивки:

Супер активна. Супер невидлива. Супер  UV заштита.

Каков тип проблем таргетира:

Формула која штити од UVB, UVA и загадување.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.250,00 ден
Додај во кошница
, ,

Yves Saint Laurent Rouge Pur Couture кармин за усни со сатенски завршеток 3.8g

ROUGE PUR COUTURE, исконскиот кармин од Yves Saint Laurent е повторно лансиран. Благодарение на својата кремаста, лесна и удобна текстура, Rouge Pur Couture се нанесува без напор и ги "облекува" усните со сјајна боја во сатенска модна завршница, со само едно нанесување. Збогатена со 80% состојки за нега, новата формула е составена од тубероза и екстракти од круша од Jardins Collectifs De L'Ourika YSL Beauté. Овие состојки ги хидрираат и штитат усните, обезбедувајќи 16 часовна заштита и удобност. Усните се помеки и помазни со секое нанесување. 40-те нови нијанси на Rouge Pur Couture се достапни во 4 семејства на бои кои Yves Saint Laurent ги креирал за да им оддаде почит на своите музи: црвена, nude, розова и портокалова. (Rouge Muse, Nude Muse, Rose Muse и Orange Muse).Начин на употреба Нанесете го карминот од средишниот дел на усните кон надвор, почнувајќи од горната усна.Рок на употреба по отварање: 12  месеци 

Price range: 3.050,00 ден through 3.250,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , , ,

Maison Margiela REPLICA From the garden Eau de toilette for women and men

From the Garden е возбудлив мирис кој го доловува радосното чувство на сончево попладне поминато во градината. Чувството на ставање на рацете во земјата, задоволството на берење зрели сочни домати, зуењето на пчелите во воздухот.

Акордот на листовите домат е искомбиниран со ноти на зелена мандарина, со цел да се создаде сочен ефект. Зелените и инспирирачки ноти на пачули и гераниум носат влажно, земјено чувство. Контрастиран со свежината на мирисот, резултатот е елегантен мирис, кој евоцира спомен на сончево попладне поминато во градината.

При создавањето на овој мирис, парфимерот Olivier Cresp бил инспириран од неговите спомени од детството поминати со неговиот татко во градината, каде го впивал мирисот на растенијата, а подоцна тоа истото го правел и со неговиот син, Sebastien. Зелените и земјени тонови на From the Garden го потсетуваат Cresp на овој транспортирачки момент и потопувањето во спокојство во градината исполнета со сонце.

Price range: 5.280,00 ден through 10.080,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro Chrome Eau de parfum

Azzaro Chrome претставува нова реинтерпретација на неговиот култен мирис, славење на наследството помеѓу таткото и синот, со освежувачка и интензивна свежина. Со своите дрвенести ноти, овој уникатен парфем се нурнува длабоко во срцето на медитеранската борова шума. Славење на joie de vivre, Chrome Eau de parfum те кани да споделиш возбудливи и уникатни моменти.

Price range: 5.080,00 ден through 6.570,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Azzaro The Most Wanted Eau de toilette Intense

Azzaro The Most Wanted Eau de Toilette Intense е интензивно-свежа, бескрајно сензуална. Возбудлива доза живот за мажот кој се осмелува да биде свој: „Сакам, се осмелувам“.

Овој дрвенест ароматичен Fougere мирис обезбедува 9 часа на свежо чувство*. Тестирано и одобрено. Овој смел мирис ги турка границите на fougere структурата, создавајќи неочекуван спој на зелен медитерански бергамот, лаванда и акорди на ликер од дрвенест мов.

Во неговата зора: есенција од бергамот од Калабрија, Италија
Во неговиот зенит: срцевина од лаванда од прованса, Франција**
Во неговата квечерина: акорд на ликер од мов

*Потрошувачки тест на 65 мажи
**Суровина добиена од практики за одржлив развој. Селектирана партнерите, срцевината од лаванда е ексклузивно добиена за Azzaro и добиена од одржливи извори во Франција.

Price range: 5.350,00 ден through 7.110,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani Acqua di Gio Parfum

ACQUA DI GIÒ PARFUM претставува нов, моќен и зависен мирис во ACQUA DI GIÒ колекцијата, која ја доловува инспиративната средба на морето и морското крабрежје. ACQUA DI GIÒ PARFUM отелотворува нова елементална сила, заробена во своите обвивачки ноти на темјан.

Додека оригиналниот мирис е дефиниран од својата флорална свежина, ACQUA DI GIÒ PARFUM претставува нова, екстремна свежина во колекцијата. Таа е изразена во горните почетни ноти кои ги сочинуваат рафинирана срцевина од бергамот, која ја балансира искривата светлината со ароматичен цветен аспект, во комбинација со интензитетот на морските ноти.

Во срцевината, фузија од срцевина од гераниум бурбон, есенција од рузмарин и срцевина од мошусна жалфија. Срцевината од гераниум бурбон создава интензивен и повеќеслоен ефект со неговата мешавина од овошни и хербални ароми, додека мошусната жалфија евоцира заводливи флорални и овошни тонови.

Во меѓувреме, есенцијата од рузмарин носи модерен, свеж и зачинет ефект. Овие ноти креираат модерно и динамично расположение, кое повторно го осмислува култниот ароматичен потпис на ACQUA DI GIÒ. Дрвенестите ноти, кои пренесуваат зачаденост и елеганција, ја карактеризираат основата на мирисот. Есенцијата од пачули, позната по својата единствена топлина, му дава мистериозна доза на мирисот, додека есенцијата од темјан носи солена, минерална страна и чувство на мистерија. Минерално-тонираните ноти на есенцијата темјан ја евоцираат црната боја на карпите на Pantelleria, италијански остров кој со своите прекрасни пејзажи е оригиналната инспирација зад мирисот.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 6.270,00 ден through 10.320,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani Acqua di Gio Profondo Eau de parfum

Како нурнување во длабокото сино море, сетилата се будат со есенциите од зелена мандарина и бергамот, додека ултра-морската, речиси ледена нијанса, е пренесена од препознатливите морски ноти на Acqua di Giò.

Додека пенливите меурчиња кислород излегуваат на површината во горните ноти, во срцевината се спојуваат ароматичните рузмарин, лаванда, чемпрес и lentisk (зимзелена грмушка карактеристична за медитеранот). Оддекнувајќи со машки карактер на длабочина и интензитет, нотите на дрвенестиот пачули и обвивачкиот мошус во основата, конечно се спојуваат со солениот акцент на минералниот акорд на килибар.

Креиран од страна на мастер парфимерот Alberto Morillas, Acqua di Giò Profondo мирисот за мажи е сместен во препознатливото шише овој пат од мат стакло, откриен во елегантна, речиси непроѕирна темносина боја, која ги доловува длабочините на морето. Ароматичен воден мирис со ноти на свежа мандарина и морски ноти, зачинети нијанси на ароматични есенции и дрвенесто-минерална трага која е омекната од пачули и мошус.

Покана да го откриеш своето вистинско ЈАС, како длабоко нурнување во длабочината на својата душа. Acqua di Giò Profondo е модерен, рафиниран и длабоко мажествен мирис. Препознатливите морски ноти на Acqua di Giò се модернизирани со AQUOZONE – насовремената водена молекула, за нова динамичност и јодна свежина. Комбинацијата на бергамот и зелена мандарина од Бразил, внесува експлозивен, сочен и пенлив карактер на композицијата.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.340,00 ден through 8.930,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani Acqua di Gio Eau de parfum

ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM е дрвенест-ароматичен-воден мажествен мирис, кристален, но моќен. Со композиција коа вклучува евокативни, природни состојки, ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM го опфаќа оригиналниот воден потпис, истовремено збогатувајќи го џусот со нова молекула, Yodanol TM, коа овозможува неговата свежина да трае бесконечно. Со своите засилени морски ноти, ACQUA DI GIÒ EAU DE PARFUM носи ново сензуално, ароматично и интензивно мирисно искуство.

Раскошната срцевина на мирисот е компонирана од мошусна жалфија од Прованса и ароматичен, топол и минерален „сив килибар“, нота создадена за Giorgio Armani и со одржливо потекло. Ова е помешано со свежа лаванда и срцевина од здравец бурбон од Мадагаскар, што му дава машки, цветен аспект на мирисот.

Состојките на мирисот ги опфаќаат оние кои се природни и одржливи, и ги вклучуваат оние чие потекло е сертифицирано, обезбедувајќи нивно следење. Меѓу состојките со одржливи извори на мирисот се и зелената мандарина, рачно набрана на југот на Италија; жалфија набрана во Прованса, на југот на Франција и ветивер од Хаити. Пачулито доаѓа од Гватемала и се добива преку посебни програми за солидарност, наведувајќи дека Giorgio Armani гарантира пристојни работни услови и фер цени за земјоделците и поддржува пристап до некои примарни потреби на заедницата, како што е пристапот до чиста вода.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 5.200,00 ден through 8.930,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani Acqua di Gio Eau de toilette

ACQUA DI GIÒ е совршена инкарнација на свесната и самоуверена мажественост. Тој е симбол на човекот кој е во потрага по хармонија во светот и самооткривање, урамнотежен и во телото и во душата. Тогаш, како и сега, ACQUA DI GIÒ евоцира напредна, ослободена визија на мажественоста, поврзана со неговото опкружување и неговите емоции. Враќање кон суштинските вредности, на кои е зачетник Giorgio Armani. Првата интуиција на Giorgio Armani за ACQUA DI GIÒ доведе кон невиден успех на мирисот на глобално ниво. Денес, едно шише ACQUA DI GIÒ се продава на секои 5 секунди низ светот.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 3.570,00 ден through 6.000,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Y L'Elixir Parfum Concentré

Еликсирот е наjинтензивната и наjчистата форма на парфем. Редок е, скапоцен и содржи висококвалитетни состоjки, кои се уште поконцентрирани отколку во Eau de Parfum или Parfum. Y L’ELIXIR е подрвенеста, позачинета интерпретациjа, поконцентрирана и посензуална од Y Eau de Parfum, иако секако jа зачувува своjата оригинална ДНА. Неговата единственост лежи во структурата chiaroscuro*. Горните ноти се засилени, многу свежи, со експлозивни зачини. Наспроти тоа, основата е многу потемна, а вистинската новост е дополнувањето од oud, главната состоjка на оваа нова композициjа. Гераниумот, клучната состоjка во структурата на Y, е состоjка коjа е ексклузивна за Y L’Elixir и добиена од Ourika Community Gardens (градините на YSL Beauty).

*Италијански термин кој означува силни контрасти на светло и темно

9.830,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Biolage Bond Therapy балсам за оштетена коса 280мл

Баслам кој ја негува и повторно зацврстува премногу оштетената или оштетена коса. Формулата е збогатена со негувачко кокосово масло и обновувачки цитрусни киселини.Начин на користење:После шампонирање, се нанесува врз влажна коса по нејзината должина, со нежни движења и масажа. Остави да делува 3-5 минути а потоа убаво да се одмие. 

Original price was: 1.230,00 ден.Current price is: 615,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Biolage Bond Therapy Intensive Treatment интензивен пред-шампонирање третман за оштетена коса 150мл

Кремаст интензивен третман за пред-шампонирање кој делува врз прмногу оштетена и оштетена коса. Формулата е збогатена со негувачко кокосово масло и обновувачки цитрусни киселини. Третманот делува длабински во влакното при што го зацврстува првично одвнатре, а потоа делува врз надворешната површина.Начин на користење:Се нанесува врз влажна коса со лесна масажа и се остава да делува 5-10 минути во зависност од степенот на оштетување. Избегнувај нанесување врз салпот особено ако се работи за масен скалп. Се одмива и се продолжува со шампонирање. 

Original price was: 1.120,00 ден.Current price is: 560,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Matrix Total Results So Silver маска за неутрализација на жолтите тонови кај русата коса 200мл

Total Results So Silver е професионална маска која ја чисти косата, ги неутрализира несаканите топли бакарни тонови, и ги елиминира безживотните, жолти тонови. Ги осветлува прамените кај русокосите, и додава блескава светлина на обоената и природната коса со нијанси од сива до бела.Маската делува како тонер и содржи висока концентрација сребрени пигменти со метален финиш.КАКО СЕ КОРИСТИ: Се нанесува на мокра коса (по шампонирање), но задолжително користи ракавици и чешел за убаво и подеднакво разнесување на маската. Избегнувај нанесување на скалпот и остави да делува 3-5 минути во зависност од посакуваната неутрализација - 3 минути за мала неутрализација, 5 минути за максимална неутрализација. Потоа убаво да се одмие.

Original price was: 1.400,00 ден.Current price is: 980,00 ден.
Прочитај повеќе
, ,

Biotherm Blue Peptides Uplift - ноќна крема за лице за зацврстување и против стареење на кожата

Ноќна крема за за лице за зрека кожа за зацврстување и против стареење на кожата. Крема која ја зацврстува и пополнува кожата, помага во борбата против ефектите од губење на колаген. Формула составена со Life Plankton и текстура збогатена со колагенски пептиди кои и ја даваат потребната структурна поддршка на вашата кожа за младешки изглед и здрав сјај. Она што е уникатно: потекнува од морето, инспирирано од биолозите на Biotherm, оживувачката моќ на скапоцените црвени алги сега е доловена во ултра-сензорен розов крем против стареење. Овој интензивен крем за затегнување на лицето и брчките видливо ја подигнува и зацврстува структурата на кожата, ги спречува знаците на фини линии и брчки, а во исто време ја зајакнува младоста на кожата.Начин на употреба:Чекор 1. Со врвовите на прстите нанесете ја кремата со нежно масирање, за зацврстување нагоре од аглите на усните кон надворешните агли на очите.Чекор 2. Нежно движете се од веѓите кон врвот на челото, завршувајќи нежно на вратот.Чекор 3. Со прстите нежно притиснете го лицето и со брановидно движење масирајте го лицето од центарот кон надвор долж вилицата.Третира (тип на проблем)регенерација и обнова на кожатаЕфект (главни придобивки од производот)цврстина на кожата +31,9% тонирање на кожата +38,4% еластичност и цврстина +16%СОСТОЈКИAQUA / WATER • GLYCERIN • DIMETHICONE • RHAMNOSE • ISOHEXADECANE • ALCOHOL DENAT. • PROPANEDIOL • ISOPROPYL ISOSTEARATE • BEHENYL ALCOHOL • VINYL DIMETHICONE/METHICONE SILSESQUIOXANE CROSSPOLYMER • CETYL ALCOHOL • DIMETHICONE/VINYL DIMETHICONE CROSSPOLYMER • NYLON-12 • ALARIA ESCULENTA EXTRACT • CARRAGEENAN • TIN OXIDE • PEG-100 STEARATE • STEARIC ACID • SORBITAN OLEATE • CARBOMER • CETEARYL ALCOHOL • CETEARYL GLUCOSIDE • CAFFEINE • NEOHESPERIDIN DIHYDROCHALCONE • SODIUM CHLORIDE • SODIUM LACTATE • MYRISTIC ACID • PALMITIC ACID • PALMITOYL TETRAPEPTIDE-7 • PALMITOYL TRIPEPTIDE-1 • ADENOSINE • AMMONIUM POLYACRYLOYLDIMETHYL TAURATE • DISODIUM STEAROYL GLUTAMATE • HYDROLYZED RHODOPHYCEAE EXTRACT • CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE • CAPRYLYL GLYCOL • VITREOSCILLA FERMENT • CITRIC ACID • TRISODIUM ETHYLENEDIAMINE DISUCCINATE • XANTHAN GUM • SYNTHETIC FLUORPHLOGOPITE • POLYSORBATE 20 • POLYSORBATE 80 • ACRYLAMIDE/SODIUM ACRYLOYLDIMETHYLTAURATE COPOLYMER • BUTYLENE GLYCOL • PHENOXYETHANOL • CI 77163 / BISMUTH OXYCHLORIDE • CI 77491 / IRON OXIDES • CI 77891 / TITANIUM DIOXIDE • MICA • LINALOOL • GERANIOL • LIMONENE • CITRONELLOL • PARFUM / FRAGRANCEРок на употреба (од отварање) 12 месеци

6.610,00 ден
Додај во кошница
, ,

Biotherm Blue Peptides Uplift - дневна крема за лице за зацврстување и против стареење на кожата

Дневна крема за за лице за зрека кожа за зацврстување и против стареење на кожата. Крема која ја зацврстува и пополнува кожата, помага во борбата против ефектите од губење на колаген. Формула составена со Life Plankton и текстура збогатена со колагенски пептиди кои и ја даваат потребната структурна поддршка на вашата кожа за младешки изглед и здрав сјај. Нејзината препознатлива розова текстура, ветува не само моментален розов сјај и поцврста кожа, туку и долготрајни резултати за подигнување. Резултатите се инстант розов сјај: од првата употреба, зацврстување за 4 часа - само четири часа по нанесувањето ќе почувствувате мерливо зголемување на цврстината, правејќи ја вашата кожа да изгледа забележливо и опипливо поцврста. Долготрајно кревање - со текот на времето, контурите на лицето се редефинираат.Начин на употреба:Чекор 1. Со врвовите на прстите нанесете ја кремата со нежно масирање, за зацврстување нагоре од аглите на усните кон надворешните агли на очите.Чекор 2. Нежно движете се од веѓите кон врвот на челото, завршувајќи нежно на вратот.Чекор 3. Со прстите нежно притиснете го лицето и со брановидно движење масирајте го лицето од центарот кон надвор долж вилицата.Третира (тип на проблем)регенерација и обнова на кожатаЕфект (главни придобивки од производот)цврстина на кожата +31,9% тонирање на кожата +38,4% еластичност и цврстина +16%СОСТОЈКИAQUA / WATER • GLYCERIN • DIMETHICONE • RHAMNOSE • ISOHEXADECANE • ALCOHOL DENAT. • PROPANEDIOL • ISOPROPYL ISOSTEARATE • BEHENYL ALCOHOL • VINYL DIMETHICONE/METHICONE SILSESQUIOXANE CROSSPOLYMER • CETYL ALCOHOL • DIMETHICONE/VINYL DIMETHICONE CROSSPOLYMER • NYLON-12 • ALARIA ESCULENTA EXTRACT • CARRAGEENAN • TIN OXIDE • PEG-100 STEARATE • STEARIC ACID • SORBITAN OLEATE • CARBOMER • CETEARYL ALCOHOL • CETEARYL GLUCOSIDE • CAFFEINE • NEOHESPERIDIN DIHYDROCHALCONE • SODIUM CHLORIDE • SODIUM LACTATE • MYRISTIC ACID • PALMITIC ACID • PALMITOYL TETRAPEPTIDE-7 • PALMITOYL TRIPEPTIDE-1 • ADENOSINE • AMMONIUM POLYACRYLOYLDIMETHYL TAURATE • DISODIUM STEAROYL GLUTAMATE • HYDROLYZED RHODOPHYCEAE EXTRACT • CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE • CAPRYLYL GLYCOL • VITREOSCILLA FERMENT • CITRIC ACID • TRISODIUM ETHYLENEDIAMINE DISUCCINATE • XANTHAN GUM • SYNTHETIC FLUORPHLOGOPITE • POLYSORBATE 20 • POLYSORBATE 80 • ACRYLAMIDE/SODIUM ACRYLOYLDIMETHYLTAURATE COPOLYMER • BUTYLENE GLYCOL • PHENOXYETHANOL • CI 77163 / BISMUTH OXYCHLORIDE • CI 77491 / IRON OXIDES • CI 77891 / TITANIUM DIOXIDE • MICA • LINALOOL • GERANIOL • LIMONENE • CITRONELLOL • PARFUM / FRAGRANCEРок на употреба (од отварање) 12 месеци

Price range: 4.410,00 ден through 6.270,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Kérastase Première Huile Gloss Réparatrice масло за обнова на сите типови оштетена коса 30мл

Интензивно масло за обнова и сјај на сите типови оштетена коса. Високата концентрација на негувачки состојки радикално го неутрализира губењето на сјајот предизвикано од оштетување. Делува и на обнова на испуканите врвови. Косата е поцврста и 4 пати посјајна*.*Инструментален тест во споредба со неизмиена косаНачин на употреба:Нанесете 1 или 2 пипети на сува коса. Не плакнете.Во случај на контакт со очи, исплакнете ги веднаш темелно.Придобивки:✓ Го обновува сјајот ✓ Радикално го неутрализира постојаното оштетување ✓ Дејствува на разделените врвови + M40✓ 92% помала разделеност на врвовите* ✓ 4 пати посјајна коса* ✓ 99% поцврста коса**Инструментален тестПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЗАПАЛИВО ДОДЕКА НЕ СЕ ИСУШИ. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ОГАН, ПЛАМЕН И ТОПЛИНА (СО ИСКЛУЧОК НА АЛАТКИ ЗА СТИЛИЗИРАЊЕ) ЗА ВРЕМЕ НА НАНЕСУВАЊЕТО И ДОДЕКА КОСАТА НЕ Е ЦЕЛОСНО СУВА.  Рок на употреба (од отварање): 12 месеци

3.000,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Première Sérum Filler Fondamental пополнувачки серум против кршење на косата 90мл

Обновувачки anti-frizz филер серум за сите типови оштетена коса. Овој серум со лесна текстура работи на одбивање на влагата, длабински негувајќи ја косата и спречивајќи го frizz ефектот. Ја пополнува површината со цел да ја направи косата помека и помазна. Штити од оштетување и висока температура.**Инструментален тест Начин на употреба:Нанесете на коса просушена со пешкир.Во случај на контакт со очи, исплакнете ги веднаш темелно.Придобивки:✓ Ја одбива влагата ✓ Длабински негува ✓ Го контролира frizz-от ✓ Ја прави косата помека и помазна✓ 3 пати помазна коса * ✓ 2 пати помека коса* ✓ 99% поцврста коса* ✓ 72 часа anti-frizz контрола* ✓ Косата е заштитена од топлина до 230°C**Инструментален тестРок на употреба (од отварање): 12 месеци

3.600,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Première Masque Filler Réparateur декалцифицирачкa маска за обнова на сите типови оштетена коса 200мл

Обновувачка филер маска против кршење за сите типови оштетена коса. Богатата маска ја пополнува површината и интензивно пенетрира во влакното за да ја обнови неговата внатрешна цврстина.* Го поттинува закрепнувањето на косата по третирање, штитејќи ја од кршење. Загарантирано убава коса со здрав изглед.*Инструментален тест по 6 нанесувања на Première Concentré + Bain + MasqueНачин на употреба:По нанесување Première Concentre и Bain, исплакнете и нанесете ја маската на шампонирана коса просушена со пешкир. Вмасирајте по должината и врвовите. Оставете да дејствува 5 минути. Исплакнете.Во случај на контакт со очи, исплакнете ги веднаш темелно.Придобивки:✓ Инстантно ја враќа влажноста и флуидноста ✓ Ја неутрализира ригидноста на косата ✓ Косата е еластична, мазна и сјајна✓ +28% поеластична коса** ✓ +97% поцврста коса** ✓ +86% поголема влажност** ✓ 2 пати помека коса***Инструментален тест по 6 нанесувања на Première Concentré + Bain + Fondant **Инструментален тестРок на употреба (од отварање): 12 месеци

3.700,00 ден
Додај во кошница