Филтер

Прикажувам 2017–2040 од 2498 резултати

, ,

Gucci Bloom Intense парфем за жени

Gucci Bloom градината од соништата се лансираше со оригиналниот Gucci Bloom Eau de Parfum, што заедно со себе донесе нова визија на женственоста и неуморната автентичност. Создаден од мастер парфимерот Alberto Morillas, привлечниот длабоко-флорален мирис мириса боженствено, проткајувајќи го потписот на екстракт од пупки јасмин и тубероза во отелотворена есенција. Парфемот природно се шири во неговата целосна витална и хипнотизирачка експресија, расцветувајќи исто како личноста која го носи. Ноќно маѓепсување за будење на магијата на твоето внатрешно јас. Овој Gucci мирис ја опфаќа во едно шише женствената сила на креативноста, откривајќи ја најфасцинантната дестилација во Gucci Bloom градината досега. Неговиот инспириран мирис ја интензивира Gucci Bloom флоралната мешавина од бели цветови со дополнителна сензуалност, што го прави парфемот погоден за секоја пригода. Композицијата ја отвора блескава горна нота на апсолут од цвет од портокал, додека неговата флорална срцевина од јасмин самбак и тубероза, се развива до Lady of the Night, цвет кој цвета навечер и кој го повишува богатиот букет. Приземјен со тонови на есенција пачули и акорд на кристален мошус, есенцијата на овој Gucci мирис буди длабока перцепција и оддекнува со сензуален мирис, прекрасен мирис кој со сигурност ќе привлече голем број комплименти. Карактеристичното коцкасто шише во кој е сместен овој парфем за жени, е украсен со црвен Toile de Jouy хербариум Gucci принт, зрачејќи со креативна моќ и смела сјајност.За брендот:Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 4.195,00 ден through 6.780,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Bourjois Kohl & Contour молив за очи со острилка 001

Молив за очи со високо пигментирана боја. Самиот молив има своја острилка која ќе ви овозможи да имате прецизно моливче за совршено исцртување во секое време.

Original price was: 508,00 ден.Current price is: 330,00 ден.
Додај во кошница
, ,

Bell HYPOAllergenic Lift Complex течна пудра

Иновативна разубавувачка и хидратантна течна пудра која има природен ефект на кожата. Нејзината лесна формула не дозволува да бидат истакнати брчките или сувите точки. По потреба, можеш да ја прилагодиш покриеноста. Нејзината долготрајна формула е збогатена со SPF 15 кој го штити лицето од штетните ефекти на сончевата светлина. Вегански производ. Погоден за лица со чувствителна и/или кожа склона на иритација. Тестирано под надзор на дерматолог.

845,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Valentino Uomo Born In Roma Intense Eau de parfum Intense

Откриј го Born in Roma Uomo Intese мирисот и живеј интензивно! Доколку си во потрага по интензивен живот, Born in Roma Intense мирисот е за тебе.

Разгори го чувството на славење на енергијата на ноќта во вечниот град. Valentino Born in Roma Uomo Intense е привлечен дрвенесто-килибарен мирис, појачан од ноти на лаванда и ванила.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 7.080,00 ден through 9.970,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Valentino Donna Born In Roma Intense Eau de parfum Intense

Откриј го Born in Roma Donna Intense мирис и живеј интензивно! Доколку си во потрага по интензивен живот, Born in Roma Intense е мирисот за тебе!

Разгори го чувството на славење на енергијата на ноќта во вечниот град. Valentino Born in Roma Donna Intense е магнетичен флориентално-килибарен мирис, спој на јасмин и есенција ванила.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 6.500,00 ден through 12.640,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Giorgio Armani My Way Parfum

Откриј го My Way Parfum, интензивната и слатка страна на цветниот потпис на My Way, роден од средбата на свесно одбрани состојки од целиот свет.Овој женствен мирис се отвора со свежи, цитрусни ноти на масло од бергамот од Калабрија, стопувајќи се со екстракт од цвет од горчлив портокал од Египет. Новата интензивна срцевина на мирисот настанува како контраст од кремастите кадифести ноти на апсолут од срцевина на тубероза од Индија и величествената свежина на ирис Pallida од Франција. Ванилата и дрвенестата основа се појачани со сензуални кремасти ноти на кедрово дрво од САД и прекрасна инфузија од бурбон ванила од Мадагаскар, кои се дополнително збогатени со бел мошус.Како резултат на иновативниот систем на повторно полнење на My Way, одговорниот и одржлив извор на состојки и заштитата на биоразличноста низ програми за зачувување на шумите, My Way Parfum го намалува своето јаглеродно влијание врз околината.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.855,00 ден through 6.750,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , ,

Boss The Scent Magnetic Eau de parfum

Почувствувај ја моќта на привлекувањето и заведувањето како никогаш досега: BOSS Parfums го претставува BOSS The Scent Magnetic.

BOSS The Scent Magnetic претставува воодушевувачка композиција од исклучителен екстракт од црна ванила и апсолут од трици.

Оживувачкото овошје манинка во горните ноти, ексклузивна BOSS состојка, е интензивирано за инстантно да го збогати мирисот со моќна енергија.

Апсолутот од трици во срцевината на мирисот ги предизвикува сетилата, неодоливо привлечени од контрастната основа со исклучителен екстракт од црна ванила, носејќи ја магнетичната моќ на BOSS The Scent на ново ниво.

BOSS The Scent Magnetic за него, креација на парфимерката Delphine Lebeau, е интензивно привлечен килибарен, овошен мирис со примеси на кожа.

#BOSSTheScent #BeYourOwnBOSS

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 6.390,00 ден through 8.500,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss The Scent Magnetic Eau de parfum

Почувствувај ја моќта на привлекувањето и заведувањето како никогаш досега: BOSS Parfums го претставува BOSS The Scent Magnetic.

BOSS The Scent Magnetic за неа комбинира неодолив контраст од чист бел мошус и темен текстуриран османтус цвет.

Примамливиот османтус во горните ноти е интензивиран со цел да му даде на мирисот интензивен сензуален карактер. Кадифести ноти на ambrette (слез од мошус) во срцевината на композицијата ги хипнотизираат сетилата, привлечени од чист бел мошус во основните ноти. Магнетичната моќ на BOSS The Scent постигнува ново ниво.

Креиран од парфимерката Louise Turner, BOSS The Scent Magnetic за неа е интензивно привлечен килибарно-мошусен мирис.

#BOSSTheScent #BeYourOwnBOSS

Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

 

Price range: 3.890,00 ден through 5.570,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lacoste L.12.12 Rose Eau Intense тоалетна вода за жени

Почувствувај ја неодоливата свежина на Lacoste L.12.12 Rose Eau Intense.

Овој интензивен, свеж и женствен мирис мами со ноти на светолбел чај, роза и цветови памук, нагласени од топлите ноти на мошус и кедар. Контрастот меѓу топло и студено му ја дава на овој женствен флорално-дрвенест мирис неговата уникатна елеганција.

Повторно осмисли ги правилата на играта, движејќи се со сигурност, благодарение на Lacoste Eau de Toilette Intense.

Градиентната боја на шишето алудира на силата на мирисот, додека формата, piqué текстурата и извезениот крокодил, е оддавање почит на култната поло маица дизајнирана од René Lacoste. Тој направил револуција во спортскиот стил и ги редефинирал правилата со комбинирање на елеганција, самодоверба и динамика. Како почит кон неговиот бунтовнички стил, L.12.12 Rose Eau Intense им дава можност на сите да ја покажат својата единствена женственост со талент и уникатност, со додавање стил на кожата исто како Lacoste поло маичката.

Lacoste L.12.12 Rose Eau Intense тоалетна вода за жени: од поло маица до мирис.

За брендот:Брендот го носи името по неговиот основач, Rene Lacoste. Тој своевремено бил тенисер, освојувајќи бројни титули вклучувајќи Олимписки медал и 7 Грен Слем шампионати. Неговата страст кон тенисот била огромна. Во 1933 година Rene Lacoste ја создава популарната поло маичка позната како L.12.12, каде што L е кратенка за Lacoste, 1 е референца за најдобриот материјал – ,,petit pique”, 2 го претставува бројот на кратки ракави и 12 е бројот на прво произведените прототип маички пред финалното производство. Денес овие поло маички се најпрепознатливи, а на нив им се приклучија и мирисните линии од Lacoste – заедно сочинувајќи ја L.12.12 колекцијата.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 2.760,00 ден through 3.720,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Cils Booster Lash Revitalizing Serum ревитализирачки и негувачки серум за трепки 4ml

Зацврстете ги вашите трепки со серумот за ревитализација од Lancôme. Густ серум за трепки за подолги, погусти и полни трепки. Исто како и косата, трепките се подложни на оштетувања. За само четири недели, Cils Booster Lash Revitalizing Serum помага трепките да станат погусти, подебели и поцврсти.Начин на употреба:Како да се нанесе од серумот за трепки? 1. На претходно темелно исчистена област околу очите нанесете од серумот за трепки по линијата на трепките, од коренот до врвот, двапати дневно. 2. Почекајте 1 минута и 30 секунди пред да нанесете од вашата омилена Lancome маскара за очи. Совет: За уште поцврсти трепки нанесете Cils Booster XL Primer на трепките пред да ја нанесете омилената маскара.

4.180,00 ден
Додај во кошница
, ,

Paco Rabanne Fame Eau de parfum for women

Fame од Paco Rabanne е женствен мирис со цветни, дрвенести и ноти од мошус. Fame беше лансирана во 2022 година. Fame ја создадоа Дора Багриче, Мари Саламањ, Алберто Мориљас и Фабрис Пелегрин. Горните ноти се манго и бергамот; средните ноти се јасмин и олибан; основните ноти се ванила и сандалово дрво.

Состав:
ALCOHOL DENAT., PARFUM (FRAGRANCE), AQUA (WATER), HYDROXYCITRONELLAL, LINALOOL, BENZYL SALICYLATE, BUTYL METHOXYDIBENZOYLMETHANE, LIMONENE, COUMARIN, CITRONELLOL, GERANIOL, ALPHA-ISOMETHYL IONONE, CINNAMYL ALCOHOL, FARNESOL, CITRAL, BENZYL ALCOHOL, TRIS(TETRAMETHYLHYDROXYPIPERIDINOL) CITRATE, BENZYL BENZOATE, CI 19140 (YELLOW 5), CI 60730 (EXT. VIOLET 2), CI 14700 (RED 4).

10.250,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Couture Eyeliner долготраен течен ајлајнер за очи 3ml

Со својот ултра тенок врв, Couture Eyeliner нуди совршена линија со еден потег. Достапен во црна боја која гарантира безпрекорна трајност без размачкување.

ПРИДОБИВКИ: Формула лесна за нанесување која трае цел ден и цела ноќ, без размачкување.

РЕЗУЛТАТИ: Couture Eyeliner се лизга по капакот на окото за долготраен резултат кој нема да се размачка. Неговиот ултра тенок врв обезбедува совршена еднаква линија и врвна прецизност уште од првиот обид. Збогатен со ексклузивен комплекс од активни состојки, неговата формула видливо ги интензивира и разубавува очите.
 

3.140,00 ден
Додај во кошница
, ,

Biotherm Lait Corporel 48 часовно хидратантно млеко за тело

Совршено мазно и чудесно свежо. Ова секојдневно млеко за тело веднаш и помага на кожата да изгледа нежна, мазна и мека на допир. Моментално ја хидрира кожата, ја враќа заштитната бариера на кожата и ја штити нејзината природна еластичност. Ова хидратантно млеко за тело со екстракти од цитрус е вистинско уживање, секој ден, со нежен мирис и лесна текстура која не е ниту леплива ниту мрсна. Млекото лесно се впива во кожата, оставајќи ја свежа и совршено хидрирана.Начин на употреба:Секојдневно нанесете на целото тело. 

Price range: 2.030,00 ден through 2.510,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
,

Biotherm Biomains хидратантна крема за нега на раце и нокти 50мл

Хидратантна крема за раце збогатена со витамин F. Ја заштитува и зајакнува функцијата на кожната бариера на рацете. Нејзината редовна употреба помага во борбата против појавата на знаци на стареење и кафените дамки, благодарение на УВ филтрите и заштитниот фактор кој го содржи (SPF 4). Крема која во себе содржи Д-пантенол за зајакнување на ноктите.Начин на употреба:Секојдневно нанесете од кремата за раце, со нејзино масирање од зглобовите на рацете, до врвот на прстите, обрнувајќи посебно внимание на кутикулите и ноктите. 

1.280,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Biotherm Blue Retinol ноќен серум против стареење за нормална до масна кожа 30мл

Моќта на бионауката на брендот Biotherm достигна ново ниво благодарение на ноќниот серум Blue Retinol, нова генерација производи за нега на кожа, кои го комбинираат регенеративното дејство на Life Plankton екстрактот со чист ретинол. Резултатот е во засиленото дејство на чистиот ретинол со веганска формула. Клинички докажано ги намалува брчките кај 100% од жените, го подобрува квалитетот на кожата, ја прави мазна и го изедначува тенот. Blue Retinol ноќниот серум ги почитува темелните вредности на брендот Biotherm, формулата е веганска, 92% биоразградлива, а пакувањето е поеколошко со 25% рециклирано стакло.Начин на употреба:Нанесете навечер на претходно темелно исчистено лице. Во текот на првата недела, нанесете два пати неделно, потоа постепено зголемувајте ја употребата на серумот - на секоја втора вечер. Во случај на чувство на непријатност на кожата, зголемете го интервалот (деновите) на употреба и/или намалете ја количината. За време на користењето на овој серум, на кожата треба да и дадете добра хидратација. Нанесете го навечер на претходно темелно исчистено лице и пред нанесување на хидратантна крема, како дел од вашиот ноќен ритуал. Избегнувајте го пределот околу очите и очните капаци. Не се препорачува користење на серумот во комбинација со други креми кои содржат ретинол, освен со кремата од Biotherm Blue Pro-Retinol. Додека го користите серумот, избегнувајте директно изложување на сонце и користете производи со заштитен фактор секој ден.Ефект (главни придобивки од производот): Ја измазнува кожата, ги намалува и корегира брчките, текстурата на кожата и го изедначува тенот.Рок на употреба (од отварање): 6 месеци

7.660,00 ден
Додај во кошница
, ,

Yves Saint Laurent Y део стик за мажи

Парфемот Y претставува интензитет, свежина и мажественост. Легендарниот творец на мирисот Dominique Ropion се одлучи за структурата fougèrea, една од најбројните во машките мириси. Fougère е во контрасна игра со освежителни цитрусни и ароматични ноти, на кои се отвараат сензуални и древенасти ноти.

Мирисот отвара експлозивен, освежувачки и слаткасто-лут дует на бергамот и ѓумбир, чија свежина е нагласена со слатка овошна нота на зелена јаболка.

Жалфијата и боровницата во комбинација со нане му даваат на мирисот моќна мажествена нота. Во базните ноти се прелева силен интензитет и изразена сензуалност и мажественост, со додаток на дрвенести килибарни ноти кои ја нагласуваат нотата на темјан и тонка зрно.

2.980,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Black Opium Le parfum

Откриј го Black Opium Le Parfum – тотален наплив од ванила!
Основан на препознатливиот мирис на топло кафе и контрастиран со блескави бели цветови, овој мирис е целосна навала од задоволство.

Black Opium Le Parfum е за сензуалните и моќни жени кои итаат низ бескрајните ноќи, оставајќи зад себе бескрајно ехо.

Црни светки во средината на шишето, исечени во форма на темен камен. Овој темно црн и сјаен скапоцен камен ја рефлектира интензивноста на парфемската есенција која ја содржи, а неговата срцевина од светки потсетува на трепкачките светла на урбаните градови во текот на ноќта.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.305,00 ден through 8.210,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Paco Rabanne Phantom Eau de toilette

Футуристички и ароматичен мирис за мажи.
Роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија. Користи иновативен креативен процес за селектирање на состојки кои ќе направат да се чувствуваш енергичен, самоуверен и секси.
Phantom е мирис кој го поттикнува умот со енергичен зелен бран од лимон и ветивер, како и неодолива кремаста лаванда и дрвенеста ванила.
Се заедно за преголема доза на сензација која ќе трае долго и која ќе прави да се чувствуваш добро.

Phantom е направен во Франција, со состојки добиени на етички и одговорен налин, како што се органска лаванда, италијански лимон и ветивер од Хаити.

Price range: 5.320,00 ден through 6.630,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Jean Paul Gaultier Scandal Eau de toilette

Со “набилдана“ елеганција и боксерски ракавици, SCANDAL POUR HOMME од Jean Paul Gaultier “удира“ јако со неговиот енергичен и зависен мирис. Крунисан со победи, овој крал на рингот ги заведува неговите фанови со мажественост контрастирана од сензуален дрвенесто-килибарен мирис.  

7.790,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Hugo Jeans Eau de toilette

За бунтовниците и оние кои ги кршат правилата, откриј ја HUGO JEANS тоалетната вода за мажи, свеж и смел мирис кој ги надминува годишните времиња, дизајниран за оние кои се осмелуваат да го следат својот пат.Горните ноти на освежувачки грејпфрут и пенлива лимета, се мешаат со срцевината од нане и бобинки од смрека создавајќи излив на енергија. Суптилните ноти на сандалово дрво се искомбинирани со ветивер и кедрово дрво за да додадат топлина на мирисот. Како и совршените фармерки, оваа машка тоалетна вода може да се носи во сите пригоди.Обоено во мат тексас сина боја, шишето на HUGO JEANS има задебелено црно-црвено лого, слично на она што ги краси култните HUGO фармерки. Шишето се одликува со контрастно капаче во сребрена боја и елегантна сина лента од ткаенина. Има ли посовршена асоцијација?За брендот: Hugo Boss е германски бренд за мода и убавина кој е именуван по неговиот основач Hugo Boss (1885–1948). Првиот парфем од Hugo Boss бил лансиран во 1985 година, Boss Number One за мажи. До денес се издадени над 67 парфеми за мажи и жени,а нивните мириси биле создадени од парфимерите Jean-Marc Chaillan, Pierre Wargnye, Annick Menardo, Domitille Michalon, Ilias Ermenidis, Gerard Anthony, Ursula Wandel, Will Andrews, Sophie Labbe, Alain Astori, Beatrice Piquet, Bob Aliano и Claude Dir.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 4.420,00 ден through 6.310,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Marc Jacobs Perfect Eau de toilette for women

За производот:Возбудлив и радосен. Остани лојална на себеси. Тоа е пораката зад јасниот цветен мирис на Marc Jacobs, кој ја дополнува колекцијата со тоалетната вода Perfect.Како Perfect Eau de Parfum и Perfect Intense, овој цветен и сјаен мирис на Marc Jacobs ја слави моќта да се биде верен на себе.Збогатен со свежа миризлива димензија, Perfect тоалетната вода нуди поинтимна, лична интерпретација на мантрата #PerfectAsIAm.За брендот:Marc Jacobs е американски моден дизајнер, роден на 9-ти април 1963 година. Како студент, благодарение на својот талент, Marc добива две Gold Thimble награди и награда за студент-дизајнер на годината. Тој исто така додека е се уште студент, ја создава и продава неговата прва линија на плетени џемпери. Во 1986 година, Jacobs ја претставува својата прва колекција со Marc Jacobs етикета, која го носи до друга награда, Perry Ellis наградата за нов моден талент. Jacobs се придружува кон Perry Ellis компанијата во 1988 година, а ја напушта во 1993. Jacobs се приклучува на Louis Vuitton како креативен директор во 1997 година и ја лансира неговата прва колекција подготвена за носење. Во 2001 година, Marc Jacobs во соработка со Coty, започнува да нуди и мириси. Првиот креиран мирис е Marc Jacobs for Women, проследен со Marc Jacobs for Men, лансиран во 2002 година. Неговиот популарен женски мирис Daisy, е лансиран во 2007 година и инспирира серија изданија потоа. Дизајнерот Marc Jacobs брои 76 парфеми во своето портфолио на мириси. Најстариот е лансиран во 2001 година, додека најновиот во 2017.

Price range: 2.650,00 ден through 4.720,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler Alien Goddess Eau de parfum Intense

Една година по инспиративното лансирање на Alien Goddess, MUGLER ја прославува годишнината со лансирањето на Alien Goddess Intense Eau de Parfum.
Необичното зачекорува во нова димензија. “Напоен“ со вжарено светлина, внатрешната сила на Alien Goddess е неограничена.
Мирисниот потпис и новото шише со боја на килибар, го втурнуваат Alien Goddess Intense Eau de Parfum во универзален повик до сите жени да го прифатат необичното!
Новиот мирис за жени ги засилува привлечните ноти на калабриски бергамот, јасмин Grandiflorum и ванила бурбон – препознатливите ноти на култниот оригинален мирис, со цел да донесе сензуалност и смелост.
Фацетиран талисман, препзнатливото Alien шише е магичен предмет со кој Alien Goddess го разубавува светот, скапоцен камен кој ја открива вибрантната боја на килибар на Alien Goddess Eau de Parfum Intense. Светлината ја пробива стаклената површина со интензивна рефлекција, и украсена со златен ombré ефект за да ја рефлектира нејзината светлина, како ветувањето за изгрејсонце, за оптимистичка иднина, сензуалното и живописно шише евоцира блескава женственост.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 4.645,00 ден through 7.615,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

L'Oréal Paris Air Volume 30H Mega Black маскара

Маскарата L’Oréal Paris Air Volume 30h Mega Black ги носи твоите трепки во нови височини со мега волумен лесен како воздух. Кремастата формула за зголемени трепки, додава до 10 пати поголем волумен*. Големата четка ја покрива секоја трепка со Air Volume технологија, овозможувајќи 24 часовен отпорен волумен без размачкување. Трепките се полни и лесни како воздух. Хипоалергена, формулата е нежна и алергиски тестирана, со цел да можеш да го добиеш тој мега волумен безгрижно! Доколку се чувствуваш уште повеќе мега, додади повеќе слоеви за мега впечаток. Делува на различни типови трепки. Без разлика дали твоите трепки се прави, ретки или кратки, Air Volume Mega маскарата е тука! *Инструментален тест, 26 учесници. Споредено со без маскара.Рок на употреба (од отварање) 24 месеци

Original price was: 725,00 ден.Current price is: 544,00 ден.
Прочитај повеќе