Филтер

Прикажувам 2041–2064 од 2506 резултати

, ,

Yves Saint Laurent Black Opium Le parfum

Откриј го Black Opium Le Parfum – тотален наплив од ванила!
Основан на препознатливиот мирис на топло кафе и контрастиран со блескави бели цветови, овој мирис е целосна навала од задоволство.

Black Opium Le Parfum е за сензуалните и моќни жени кои итаат низ бескрајните ноќи, оставајќи зад себе бескрајно ехо.

Црни светки во средината на шишето, исечени во форма на темен камен. Овој темно црн и сјаен скапоцен камен ја рефлектира интензивноста на парфемската есенција која ја содржи, а неговата срцевина од светки потсетува на трепкачките светла на урбаните градови во текот на ноќта.

Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци

Price range: 4.305,00 ден through 8.210,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Paco Rabanne Phantom Eau de toilette

Футуристички и ароматичен мирис за мажи.
Роден од судирот меѓу луксузната изработка и новата технологија. Користи иновативен креативен процес за селектирање на состојки кои ќе направат да се чувствуваш енергичен, самоуверен и секси.
Phantom е мирис кој го поттикнува умот со енергичен зелен бран од лимон и ветивер, како и неодолива кремаста лаванда и дрвенеста ванила.
Се заедно за преголема доза на сензација која ќе трае долго и која ќе прави да се чувствуваш добро.

Phantom е направен во Франција, со состојки добиени на етички и одговорен налин, како што се органска лаванда, италијански лимон и ветивер од Хаити.

Price range: 5.320,00 ден through 6.630,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Jean Paul Gaultier Scandal Eau de toilette

Со “набилдана“ елеганција и боксерски ракавици, SCANDAL POUR HOMME од Jean Paul Gaultier “удира“ јако со неговиот енергичен и зависен мирис. Крунисан со победи, овој крал на рингот ги заведува неговите фанови со мажественост контрастирана од сензуален дрвенесто-килибарен мирис.  

7.790,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Hugo Jeans Eau de toilette

За бунтовниците и оние кои ги кршат правилата, откриј ја HUGO JEANS тоалетната вода за мажи, свеж и смел мирис кој ги надминува годишните времиња, дизајниран за оние кои се осмелуваат да го следат својот пат.Горните ноти на освежувачки грејпфрут и пенлива лимета, се мешаат со срцевината од нане и бобинки од смрека создавајќи излив на енергија. Суптилните ноти на сандалово дрво се искомбинирани со ветивер и кедрово дрво за да додадат топлина на мирисот. Како и совршените фармерки, оваа машка тоалетна вода може да се носи во сите пригоди.Обоено во мат тексас сина боја, шишето на HUGO JEANS има задебелено црно-црвено лого, слично на она што ги краси култните HUGO фармерки. Шишето се одликува со контрастно капаче во сребрена боја и елегантна сина лента од ткаенина. Има ли посовршена асоцијација?За брендот: Hugo Boss е германски бренд за мода и убавина кој е именуван по неговиот основач Hugo Boss (1885–1948). Првиот парфем од Hugo Boss бил лансиран во 1985 година, Boss Number One за мажи. До денес се издадени над 67 парфеми за мажи и жени,а нивните мириси биле создадени од парфимерите Jean-Marc Chaillan, Pierre Wargnye, Annick Menardo, Domitille Michalon, Ilias Ermenidis, Gerard Anthony, Ursula Wandel, Will Andrews, Sophie Labbe, Alain Astori, Beatrice Piquet, Bob Aliano и Claude Dir.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 4.420,00 ден through 6.310,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Marc Jacobs Perfect Eau de toilette for women

За производот:Возбудлив и радосен. Остани лојална на себеси. Тоа е пораката зад јасниот цветен мирис на Marc Jacobs, кој ја дополнува колекцијата со тоалетната вода Perfect.Како Perfect Eau de Parfum и Perfect Intense, овој цветен и сјаен мирис на Marc Jacobs ја слави моќта да се биде верен на себе.Збогатен со свежа миризлива димензија, Perfect тоалетната вода нуди поинтимна, лична интерпретација на мантрата #PerfectAsIAm.За брендот:Marc Jacobs е американски моден дизајнер, роден на 9-ти април 1963 година. Како студент, благодарение на својот талент, Marc добива две Gold Thimble награди и награда за студент-дизајнер на годината. Тој исто така додека е се уште студент, ја создава и продава неговата прва линија на плетени џемпери. Во 1986 година, Jacobs ја претставува својата прва колекција со Marc Jacobs етикета, која го носи до друга награда, Perry Ellis наградата за нов моден талент. Jacobs се придружува кон Perry Ellis компанијата во 1988 година, а ја напушта во 1993. Jacobs се приклучува на Louis Vuitton како креативен директор во 1997 година и ја лансира неговата прва колекција подготвена за носење. Во 2001 година, Marc Jacobs во соработка со Coty, започнува да нуди и мириси. Првиот креиран мирис е Marc Jacobs for Women, проследен со Marc Jacobs for Men, лансиран во 2002 година. Неговиот популарен женски мирис Daisy, е лансиран во 2007 година и инспирира серија изданија потоа. Дизајнерот Marc Jacobs брои 76 парфеми во своето портфолио на мириси. Најстариот е лансиран во 2001 година, додека најновиот во 2017.

Price range: 2.650,00 ден through 4.720,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Thierry Mugler Alien Goddess Eau de parfum Intense

Една година по инспиративното лансирање на Alien Goddess, MUGLER ја прославува годишнината со лансирањето на Alien Goddess Intense Eau de Parfum.
Необичното зачекорува во нова димензија. “Напоен“ со вжарено светлина, внатрешната сила на Alien Goddess е неограничена.
Мирисниот потпис и новото шише со боја на килибар, го втурнуваат Alien Goddess Intense Eau de Parfum во универзален повик до сите жени да го прифатат необичното!
Новиот мирис за жени ги засилува привлечните ноти на калабриски бергамот, јасмин Grandiflorum и ванила бурбон – препознатливите ноти на култниот оригинален мирис, со цел да донесе сензуалност и смелост.
Фацетиран талисман, препзнатливото Alien шише е магичен предмет со кој Alien Goddess го разубавува светот, скапоцен камен кој ја открива вибрантната боја на килибар на Alien Goddess Eau de Parfum Intense. Светлината ја пробива стаклената површина со интензивна рефлекција, и украсена со златен ombré ефект за да ја рефлектира нејзината светлина, како ветувањето за изгрејсонце, за оптимистичка иднина, сензуалното и живописно шише евоцира блескава женственост.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Mugler оригинално тренирал за танчар и работел професионално од негова 14 годишна возраст. По студирањето дизајн на ентериер, тој се преселил во Париз на 24 години и започнал да работи како уредувач на излози и freelance дизајнер. Неговата прва лична колекција за жени се случила во 1973. Mugler го отвора неговиот прв бутик во Париз, а истовремено претставува колекција машка облека во 1978. Неговиот стил е препознатлив по неговите футуристички облици и елементи.

Првиот мирис на Mugler, Angel, е претставен во 1992 и станува многу познат низ светот по неговите смели, слатки јадливи ноти. Високо влијателен во парфемската индустрија во 90-тите, а со влијание кое продолжува и во 21-виот век, Angel го продолжува својот best-seller статус кај жените, но и кај мажите и беше претставен во Fifi Awards Hall of Fame во 2007.

Price range: 4.645,00 ден through 7.615,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

L'Oréal Paris Air Volume 30H Mega Black маскара

Маскарата L’Oréal Paris Air Volume 30h Mega Black ги носи твоите трепки во нови височини со мега волумен лесен како воздух. Кремастата формула за зголемени трепки, додава до 10 пати поголем волумен*. Големата четка ја покрива секоја трепка со Air Volume технологија, овозможувајќи 24 часовен отпорен волумен без размачкување. Трепките се полни и лесни како воздух. Хипоалергена, формулата е нежна и алергиски тестирана, со цел да можеш да го добиеш тој мега волумен безгрижно! Доколку се чувствуваш уште повеќе мега, додади повеќе слоеви за мега впечаток. Делува на различни типови трепки. Без разлика дали твоите трепки се прави, ретки или кратки, Air Volume Mega маскарата е тука! *Инструментален тест, 26 учесници. Споредено со без маскара.Рок на употреба (од отварање) 24 месеци

Original price was: 725,00 ден.Current price is: 544,00 ден.
Прочитај повеќе
, ,

Gucci Flora Gorgeous Jasmine Eau de parfum for women

Влези во нова димензија на неограничена слобода со Gucci Flora Gorgeous Jasmine Eau de Parfum. Експлодирајќи со сензуален Grandiflorum јасмин, овој е вториот мирис кој се придружува на веселиот свет на #FloraFantasy. Неговата енергија на внатрешна радост е дополнително засилена со издолженото тиркизно шише, додека препознатливиот и посебен Flora мотив на модната куќа, го украсува дизајнот и му дава доза магичност.Повторно претставена од исклучителната пејачка и текстописец Miley Cyrus, последната #FloraFantasy кампања продолжува во светла спална соба, додека сцените обоени во пастелни нијанси го креираат надреалниот дух на филмот и го вовлекуваат гледачот во аниме сон.За брендот:Брендот Gucci бил основан во 1921 година од страна на Guccio Gucci. Инспириран од патниците и нивниот багаж кој го носеле со себе и нивниот престој во Хотел Савој, местото каде што работел Guccio Gucci, тој се враќа во Фиренца со идеја да внесе елеганција во патничкиот багаж на богатите луѓе. Патничките торби биле изработувани од висококвалитетна кожаидо почетокот на шеесетите години производите на Gucci биле познати во целиот свет. Првиот мирис на Gucci бил претставен во  1974 година а до денес овој бренд има лансирано над 50 различни мириси.Рок на траење по отварање на производот: 36 месеци

Price range: 5.450,00 ден through 10.540,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Black Opium светкав лосион за тело 200мл

Разбуди ја кожата со препознатливите ноти на Black Opium, ноти на кафе и зрна ванила. Овој луксузен лосион инстантно ја навлажнува кожата, оставајќи суптилен слој од светки и привлечен мирис.

Black Opium е исклучително привлечен женствен мирис од Yves Saint Laurent. Примамливи и заводливо опојни, почетните богати ноти на адреналинско кафе и слатката сензуалност на ванила, се сместуваат во мекоста на белите цветови за модерна, младешка и енергична интерпретација на зависноста. Земи ја твојата доза.

3.520,00 ден
Прочитај повеќе
, ,

Yves Saint Laurent All Hours Foundation течна пудра за лице

Опис:Нова и подобрена YSL Beauty All Hours течна пудра, тен на кој можеш да се потпреш цел ден. Сега со унапредена формула, која ѝ овозможува на кожата да диши и која овозможува 24 часовна* целосна покривност со чувство на леснотија, исто како да немаш ставено ништо на кожата.Новата формула е збогатена со хијалуронска киселина за хидратација преку целиот ден, но и со бенефити за кожата со користење од ден на ден. Докажано е дека кожата е помека, помазна и похидрирана*. Течната пудра All Hours сега е отпорна на допир, вода и пот. Тенот изгледа беспрекорно и свежо, со 24 часовен* природен сјаен мат резултат.Откриј го системот на именување на YSL All Hours Foundation со 3 знаци, за полесно наоѓање на нијансата:Првата буква го претставува тонот на кожата: светол (L), медиум (M) и темен (D). Втората буква го претставува подтонот на кожата. Ладен (C): Твојата кожа има нијанси на розеви, сини или виолетови тонови. Неутрален (N): Твојата кожа има микс од топли и ладни тонови и тешко е за одредување. Топол (W): Твојата кожа има нијанси на праска или жолти тонови. Третата бројка го претставува интензитетот на нијансата од 1-10.*Потрошувачки тест по 2 недели на 111 жени во САДРок на употреба по отварање: 24 месеци 

Price range: 4.250,00 ден through 4.410,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Marc Jacobs Perfect Intense парфем за жени

Разиграниот PERFECT INTENSE MARC JACOBS eau de parfum за неа вклучува ноти на светол нарцис, јасмин, печени бадеми и топол завршеток од ноти на сандалово дрво. Како и оригиналниот Perfect, Perfect Intense е инспириран од личната мантра на Marc Jacobs: „Јас сум совршен таков каков што сум“, која е симболизирана и со тетоважа на зборот "Perfect" на неговиот зглоб.Богат. Златен. Смел. Прослави ја моќта на тоа да бидеш реална, смела и совршена таква каква што си. #PerfectAsIAmРок на употреба (од отварање): 36 месеци

Price range: 4.640,00 ден through 5.785,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Boss Bottled Parfum

Да бидеш сам свој BOSS, значи и да живееш така. Да бидеш маж кој верува на своите инстинкти. Тој не чека работите да се случат сами од себе, туку прави работите да се случат. Да преземеш контрола врз својот живот затоа што знаеш дека најдобрите работи му се случуваат на оној кој дејствува. Таа сила и издвојување, доаѓаат од тоа вистински да се познаваш себеси. Неговата софистицираност е впечатлива, неговата топлина – инспиративна. Boss Bottled Parfum го рефлектира неговиот моќен став, длабок дрвенесто-килибарски мирис со благородна срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво.Креиран од парфимерите Annick Ménardo и Suzzy Le Helley, Boss Bottled Parfum ја подигнува култната Boss Bottled фамилијата на следно ниво со највисока концентрација досега. Богат и текстуриран парфем за мажи, дрвенестиот зелен мирис се отвора со ноти на мандарина и зачинети интензивни масла. Ја открива неговата длабочина и моќ со неговата срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво, кое ја изразува неговата моќна харизма. Дрвенестите ноти на кедрово дрво во основата и нотите на кожа од растително потекло додаваат топлина на потписот, долготрајна интензивност и моќ.За ова ново дополнување во франшизата, инстантно препознатливото Boss Bottled шише е излакирано во “зачадена“ црна боја и украсено со капаче во црна боја. Шишето и неговото црно мат пакување се украсени со брендинг во златна боја, која го рефлектира овој смел парфем за мажите кои живеат како BOSS.Рок на употреба (од отварање): 36 месеци

Price range: 6.320,00 ден through 8.370,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Yves Saint Laurent Libre Le Parfum

Libre Le Parfum е луксузна, топла и зачинета интерпретација на класичниот Libre парфем, со бесконечна цветна трага. Овој женски мирис е смел и долготраен флорален парфем, збогатен со свежа лаванда, цвет од портокал и реткиот топол шафран од Ourika Community Garden, градината на Yves Saint Laurent.

Ова култно парфемско шише е дизајнирано како парче накит од високата мода. Украсено со детали во златна боја, врамувајќи го џусот во огнено-килибарна боја. Libre Le Parfum е најконцентрираниот и најдолготрајниот женски парфем од Libre колекцијата. Тој претставува олфактивен почит кон зачинетите “fleurs de feu” (огнени цветови) обожавани од самиот господин Saint Laurent. Нотите на шафран креаираат мирисна мешавина, зголемувајќи ја температурата со зачинет пресврт на култниот Libre мирис, оставајќи сензуална трага која не може да помине незабележано.

Price range: 7.190,00 ден through 14.260,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Prada Luna Rossa Ocean Eau de toilette

Магнетичен повик за нови откритија, основани на убедувањето дека со технологијата како екстензија на нас самите, можеме да ги надминеме нашите граници, повторно да го замислиме она што е можно и да отвориме нови хоризонти за да го создадеме еден од најкомплиментираните мириси.Prada Luna Rossa Ocean Eau de Toilette е мирис надополнет со најсовремената технологија на молекуларна дестилација, проширувајќи го полето на природноста. Спој на нео-свеж и воден мирис, доловувајќи експлозија од бергамот, во контраст со екстремната софистицираност и сензуалноста на ветиверот и елегантните ноти на. Уникатна, зависна и мажествена трага. Класичен Prada машки мирис.Шишето на Prada Luna Rossa Ocean е нурнување во сините длабочини на океанот. Обоено во софистицирана градација на сина боја, инстензивна и моќна, референца за интригантните рефлекции на водата. “Потпишан“ со препознатливата Prada црвена линија, симболот за иновација.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Price range: 6.030,00 ден through 8.700,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , , , , ,

Prada Infusion Vetiver Eau de parfum for women and men

Секој мирис од Les Infusions колекцијата е поетична интерпретација на една емблематична природна состојка. Мирисите реинтерпретираат техники на античката парфимерија и го реинтерпретираат природното во форми кои се целосно модерни, чисти и прецизни. Искуството е како déjà-vu, мирисно кокетирање со минатото, кое гледа смело кон иднината.

Infusion de Fleur d’Oranger доловува деликатен и шармантен мирис со апсолут од цвет од портокал, неролија и луксузен и сензуален јасмин. Свеж парфем нагласен од пенлива вода од мандарина.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Original price was: 11.220,00 ден.Current price is: 8.415,00 ден.
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, , , , , ,

Prada Infusion Amande Eau de parfum for women and men

Prada Infusion Rose Eau de parfum for women and men

Prada Infusion Fleur D'Oranger Eau de parfum for women and men

Prada L'Homme Intense Eau de parfum for men

L’Homme Prada Intense ја изразува повеќестраноста на машкиот идентитет: во срцевината на мирисот се кријат ноти на килибар, пачули, ирис и тонка зрно кои креираат мирисен спој кој ја нагласува сложеноста и сите лица на Prada мажот.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

9.510,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Prada L'Homme Eau de toilette

Prada Luna Rossa Sport ги буди најдлабоките емоции кои се јавуваат ноќта пред некаков важен предизвик. Овој мирис комбинира неочекувани состојки кои ја изразуваат интензивната реалност на трката. Во самиот џус, креиран од Daniela Andrier под креативна насока на Miuccia Prada, експлозивниот ѓумбир и бобинките смрека се сретнуваат со богати, зачадени ноти на тонка зрно и ванила, како и со вибрантната мажествена лаванда која ѝ дава енергија на оваа моќна и интензивна срцевина. Потоа таа открива елегантен мирис кој со текот на времето се развива и полека освојува.Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Price range: 6.500,00 ден through 9.510,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Prada Luna Rossa Sport Eau de toilette

Prada Luna Rossa Sport ги буди најдлабоките емоции кои се јавуваат ноќта пред некаков важен предизвик. Овој мирис комбинира неочекувани состојки кои ја изразуваат интензивната реалност на трката. Во самиот џус, креиран од Daniela Andrier под креативна насока на Miuccia Prada, експлозивниот ѓумбир и бобинките смрека се сретнуваат со богати, зачадени ноти на тонка зрно и ванила, како и со вибрантната мажествена лаванда која ѝ дава енергија на оваа моќна и интензивна срцевина. Потоа таа открива елегантен мирис кој со текот на времето се развива и полека освојува.

Рок на употреба (од отварање): 24 месеци

Price range: 6.030,00 ден through 8.700,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page