Boss Bottled Parfum
Price range: 6.320,00 ден through 8.370,00 ден
Да бидеш сам свој BOSS, значи и да живееш така. Да бидеш маж кој верува на своите инстинкти. Тој не чека работите да се случат сами од себе, туку прави работите да се случат. Да преземеш контрола врз својот живот затоа што знаеш дека најдобрите работи му се случуваат на оној кој дејствува. Таа сила и издвојување, доаѓаат од тоа вистински да се познаваш себеси. Неговата софистицираност е впечатлива, неговата топлина – инспиративна. Boss Bottled Parfum го рефлектира неговиот моќен став, длабок дрвенесто-килибарски мирис со благородна срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво.
Креиран од парфимерите Annick Ménardo и Suzzy Le Helley, Boss Bottled Parfum ја подигнува култната Boss Bottled фамилијата на следно ниво со највисока концентрација досега. Богат и текстуриран парфем за мажи, дрвенестиот зелен мирис се отвора со ноти на мандарина и зачинети интензивни масла. Ја открива неговата длабочина и моќ со неговата срцевина од орис и ноти на корен од смоква дрво, кое ја изразува неговата моќна харизма. Дрвенестите ноти на кедрово дрво во основата и нотите на кожа од растително потекло додаваат топлина на потписот, долготрајна интензивност и моќ.
За ова ново дополнување во франшизата, инстантно препознатливото Boss Bottled шише е излакирано во “зачадена“ црна боја и украсено со капаче во црна боја. Шишето и неговото црно мат пакување се украсени со брендинг во златна боја, која го рефлектира овој смел парфем за мажите кои живеат како BOSS.
Рок на употреба (од отварање): 36 месеци
- За брендот
Hugo
BOSS Perfumes се експертски изработени за да ја отсликаат моќната личност на BOSS мажот и жената, нудејќи рафинирани и модерни парфеми дизајнирани да го збогатат изгледот на оној кој ги носи и да го надополнат нивниот модерен начин на живот.










