-25%
Prada Infusion de Vanille Eau de parfum for women and men
Original price was: 11.220,00 ден.8.415,00 денCurrent price is: 8.415,00 ден.
Унисекс мирис кој го доловува слаткиот мирис на ванила, во килибарно-дрвенест мирис.
Рок на употреба (од отворање): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
За секој Infusion мирис, Prada го извлекува вистинскиот карактер на главната состојка и го потопува во препознатливиот раствор од мошус и цитрус, што го рекреира обвивачкиот мирис на кожа, дозволувајќи ѝ на личноста на состојката да се спои со тебе. Les Infusions се мириси како втора кожа кои веднаш се вклопуваат со твојата кожа и веднаш се чувствуваат како тебе. Les Infusions de Prada е колекција на софистицирани унисекс мириси, кои ти овозможуваат да ги изразиш многуте страни на твојата личност. Искажи ја мистериозната и зависна личност на ванилата.
ОПИС НА МИРИСОТ:
Infusion de Vanille Eau de Parfum го доловува слаткиот мирис на ванила во килибарно-дрвенест унисекс мирис. Инфузијата од ванила е помешана во раствор од мошуси и цитрус, со цел да се креира препознатливито мирис. Резултатот е парфем од ванила со килибарни и дрвенести тонови, погодни и за мажи и за жени.
Мирисна фамилија: килибарен
КЛУЧНИ НОТИ:
Неролија, бергамот, ванила, семе од ангелика
ОПИС НА ШИШЕТО:
Луксузното шише на Infusion de Vanille е истакнато во кафеава нијанса, евоцирајќи ја фузијата на препознатливата состојка во мирисот. Капачето во раскошна кафеава боја нијанса обвиткано во култната Saffiano кожа, ја симболизира ванилата и сензуалноста на мирисот. Логото на Prada со Savoy (Casa Savoia) е дизајнирано во 1919 година, кога компанијата е назначена како официјален дистрибутер на италијанските монарси. На Прада ѝ се доделени хералдички елементи на Куќата Савој (Casa Savoia) за да ги додаде на своето лого. Тоа се појавува на секое шише од Les Infusions колекцијата.
НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ:
Мирисот се интензивира со топлината на твоето тело. Нанеси го во внатрешноста на колената и лактите, на пулсните точки, за силен и долготраен мирис.
По нанесување на мирисот, избегнувај триење или тапкање на кожата. Ова го разградува мирисот, придонесувајќи побрзо тој побрзо д исчезне.
Доколку преферираш да го нанесуваш мирисот на зглобовите, осигурај се повторно да го нанесеш по често миење на рацете, бидејќи тоа може да придонесе за плакнење на мирисот.
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.









