Prada Luna Rossa Ocean Le Parfum парфем за мажи 50мл + 10мл

8.370,00 ден

Достапност: На залиха SKU: 3614274423761
Интензивен прекрасен мирис за мажи, кој ги турка границите кон истражување нови хоризонти на перформанс.

Рок на употреба (од отворање): 24 месеци

Опис

Тргни на патување надвор од хоризонтот со Prada Luna Rossa Ocean Le Parfum сетот, кој содржи 50мл и 10мл Eau de Parfum. Овој волшебен интензивен мирис за мажи е покана да ги надминеш очекувањата, да ја прифатиш моќта на технологијата и да постигнеш екстремен перформанс. Luna Rossa Ocean Le Parfum е повеќе од мирис, тој е изјава на модерна мажественост, отелотворена од актерот, продуцент и активист Jake Gyllenhaal, кој го претставува духот на модерниот авантурист, поддржан од технологијата и длабоката почит кон природата.
Luna Rossa Ocean Le Parfum е моќен и софистициран килибарен Fougère мирис кој ги плени сетилата со волшебна мешавина од контрасти. Отворањето е експлозивно, со освежувачка есенција од лимон, чии ноти креираат инстантно чувство на свежина и енергија. Ова вибрантно отворање е потоа контрастирано со земјена, егзотична арома од ноти на шафран, додавајќи доза мистериозност и интригантност. Конечно, заадените ноти на дабово дрво го приземјуваат мирисот со топла и сензуална прегратка. Уникатната комбинација од свежи, зачинети и дрвенести ноти креираат вистински незаборавно мирисно искуство.
Инспириран од технолошката извонредност и динамичната убавина на екстремните бродови за едрење, шишето на Luna Rossa Ocean Le Parfum оддекнува со моќта и софистицираноста на мирисот кој се наоѓта внатре. Длабоката, интензивна сина боја на шишет ја отсликува длабочината на океанот, додека мистериозната црвена градација алудира на привлечната рефлекција на црвената месечина на површината на водата. Оваа впечатлива комбинација од сино и црвено, надополнета со препознатливата Prada црвена линија, симбол на иновацијата и неуморната потрага на брендот по совршенството. Како тестамент за посветеноста на Prada кон одржливоста, Luna Rossa Ocean Le Parfum може повторно да се полни, овозможувајќи ти да уживаш во мирисот, истовремено минимизирајќи го еколошкото влијание.
Сетот вклучува:
Prada Luna Rossa Ocean Le Parfum EDP 50ml
Prada Luna Rossa Ocean Le Parfum EDP 10ml
Начин на користење:
Нанеси го парфемот на пулсни точки како што се зглобовите, вратот и позади ушите. Избегнувај триење на зглобовите еден од друг, бидејќи ова може да го промени мирисот. Прскај го мирисот на оддалеченост од околу 15-20цм.

Prada

Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.