Prada Paradoxe Eau de parfum 50ml + travel size 10ml
9.190,00 ден
Почести се со Prada Paradoxe Eau de Parfum сетот. Овој празничен сет со 2 парчиња го цклучува култниот цветно0килибарен мирис Paradoxe во 50ml и практичен спреј за патување од 10ml.
Завиткан во Ottagono шарата во лимитирано издание, тој помешува неролија, топол килибар и сензуален мошус за елегантен потпис.
- Опис
- За брендот
Опис
Мирисна фамилија: Цветно-килибарна
Клучни ноти: Свежа неролија, сензуален килибарен, интензивен мошус
За производот:
Prada Paradoxe Eau de Parfum е експресија за женствената мултидимензионалност. Овој цветно-килибарен мирис ги прегрнува парадоксите на култните состојки, со цел да открие нови мирисни сензации.
Опис на мирисот:
Мастер парфимерите Nadège Le Garlantezec, Shyamala Maisondieu и Antoine Maisondieu соработуваа со Miuccia Prada и Raf Simons да ги усогласуваат безвременоста и авангардата, природата и иновацијата. Prada ги прифаќа парадоксите на култните состојки за да открие нови мирисни сензации.
Свежа пупка од неролија:
Повторно осмислување на свежината со првата екстракција на Prada од пупка од неролија, која ја доловува пријатната, цветна и свежа димензија на цветот.
Ambrofix™:
Повторно осмислување на сензуалноста преку користење на Ambrofix™, откривајќи вибрантна топлина.Овој биоконвертиран килибар е природно добиен од шеќерна трска и бара 100 пати помалку агрокултурни земјишта, за разлика од традиционалниот.
Serenolide™:
Повторно осмислување на интензивноста преку нова, револуционерна молекула на мошус: Serenolide™, една од најдифузните молекули на мошус во светот, за интензивна, но сепак суптилна трага, забележлива уште на самиот почеток.
За шишето:
Шишето на Prada Paradoxe Eau de Parfum кое може повторно да се полни, го реосмислува најкултниот код на брендот: триаголникот.
Навалено, но сепак моќно приземјено, поместено, но стабилно, шишето формира естетски прав агол, движејќи се нагоре од основата кон капачето. Препознатливиот облик на радикалниот триаголник е омекнат од заоблени агли, додека нежната розева боја на мирисот е во контраст со длабоко црниот грб на брендот Prada.
Женствено, но сепак револуционерно и веднаш препознатливо, шишето има златна пумпица на врвот, која го отсликува златното лого изгравирано на црното капаче.
Стакленото шише на Prada Paradoxe Eau de Parfum е дизајнирано да ја лимитира својата тежина и употреба на стакло, додека картонските пакувања се FSC™ MIX сертифицирани, обезбедувајќи поодржлив избор на хартија и картон.
Целата Prada Paradoxe линија може повторно да се полни, овозможувајќи помалку материјал за пакување. Со купување на 100ml refill наместо купување на две шишиња од 50ml од Prada Paradoxe Eau de Parfum, помагаш во заштедување 44% стакло, 100% метали, 67% пластика, and 61% картон.
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.









