-25%
Prada Paradoxe Radical Essence Parfum
Price range: 5.395,00 ден through 14.260,00 ден
Врвната експресија на софистициран и неочекуван женски мирис.
Рок на траење (од отворање на производот): 24 месеци
- Опис
- За брендот
Опис
Откриј ја најсофистицираната експресија на Prada Paradoxe со Radical Essence, нова перспектива на мултидимензионалноста која ја отелотворува суштината на женската привлечност. Овој исклучителен мирис го носи култниот потпис на Paradoxe во нови височини, канејќи те да ги истражиш неочекуваните длабочини на твојата сопствена индивидуалност.
Prada Paradoxe Radical Essence ја изразува суштината на Paradoxe, опфаќајќи го духот на вистински софистициран и незаборавен мирис. Препознатливиот цвет од портокал, потписот на Paradoxe колекцијата, е повторно замислен и искривен со неочекувана солена нота на ф’стак. Ова интригантно помешување создава уникатно мирисно искуство, симфонија од цветна слаткост и солена топлина која ги маѓепсува сетилата.
Додавањето елегантно бело кедрово дрво дополнително го разубавува мирисот, додавајќи слој од префинета дрвенеста длабочина која се задржува на кожата. Оваа хармонична мешавина од ноти создава незаборавен и софистициран мирис, дизајниран да ја воодушеви новата генерација Prada жени.
Шишето само по себе е уметничко дело, ултра-посакувана реинвенција на култниот Paradoxe дизајн. Лакираноста во длабока розева боја ја нагласува интензивноста на мирисот внатре, додека интензивираната боја на џусот додава доза живописна привлечност. Името на производот, елегантно испишано под грлото на шишето, додава завршна доза софистицираност.
Prada Paradoxe Radical Essence е повеќе од мирис, тој е отелотворување на модерната женственост, славење на повеќестраната природат на жените кои ги прифаќаат нивните парадокси. Покана да го истражиш неочекуваното, да ја изразиш својата индивидуалност и самодоверба, и да оставиш траен впечаток каде и да одиш. Искуси ја радикалната суштина на Paradoxe.
Prada
Prada мирисите: поезија на парадокс.
Баш како на секоја Prada модна ревија, убавината лежи во контрадикторноста помеѓу емоцијата и рефлекцијата, познатото и непознатото, хармонијата и раздорот…
Бренд кој ги доловува вредностите на софистицираност и авангарден пристап со доза ексцентричност.
Prada ги усогласува креативноста, одговорноста и функционалноста, како би им овозможила на мажите и жените да ја истражуваат и изразуваат својата уникатност.










